среда, 14. април 2021. Вести денес: 103
home Вести

Дали Заев преку Георгиевски пушта пробен балон: Бугарија да ја признае македонската нација како нација која настанала по 1944 година

Дали Заев преку Георгиевски пушта пробен балон: Бугарија да ја признае македонската нација како нација која настанала по 1944 година

Екс премиерот Љубчо Георгиевски, на Фејсбук гo коментираше актуелниот македонско-бугарски спор.

-Гледам дека Македонско- Бугарските односи се движат кон нов ќорсокак, а понатаму и кон нова ескалација на сите нивоа која може да доведе до долгодишна омраза на двата народа. Затоа еве ќе дадам еден предлог, патна карта или акциски план за излез. Обично на оваа тема пишувам и зборувам како читач на историјата но овој предлог има само политчко- дипломатски карактер, напиша Георгиевски.

Неговото размислување наиде на бројни негативни коментари, а главното прашање кое се поставува е дали премиерот Зоран Заев преку Георгиевски пушта пробен балон- Бугарија да ја признае македонската нација како нација која настанала по 1944 година.

-Бугарскиот парламент да донесе декларација во која ќе изјави дека под поимот македонска нација и македонски јазик подразбира само нација и јазик кои се формирани после 1944, и дека Бугарија со ништо не ги прифака тезите за кои смета дека се фалсификат и ја подржува бугарска историографија во одбрана на својата вистина, пишува тој меѓудругото.

Во продолжение интегрален текст од објавата на Георгиевски:

Гледам дека Македонско- Бугарските односи се движат кон нов ќорсокак а понатаму и кон нова ескалација на сите нивоа која може да доведе до долгодишна омраза на двата народа.Затоа еве ке дадам еден предлог,патна карта или акциски план за излез.Обично на оваа тема пишувам и зборувам како читач на историјата но овој предлог има само политчко- дипломатски карактер:
1.Северна Македонија да даде гаранција дека нема никакава аспирација за Источна Македонија.И во поимот Северна Македонија не влегува Источна Македонија.Погледнато од Скопје Пиринска Македонија секогаш била Источна.
2.Северна Македонија да даде гаранција(најверојатно тоа ке биде шести пат, три пати во контекст на Грција и трет пат специјално за Бугарија) дека како држава со ништо нема да ги помага и подржува организациите кои бараат македонско малцинство во соседна Бугарија.
3.Бугарскиот парламент да донесе декларација во која ке изјави дека под поимот македонска нација и македонски јазик подразбира само нација и јазик кои се формирани после 1944,И дека Бугарија со ништо не ги прифака тезите за кои смета дека се фалсификат и ја подржува бугарска историографија во одбрана на својата вистина.(Оваа теза во Бугарија можеби ке биде прифатена како политичка игра тоа не е така,само ја нудам српската стратегија како тие ги решаваат нивните проблеми.Имено Србија го има истиот проблем со хрватскиот јазик,со босансакта и царногорската нација и јазик па дури и со македонскат нација и јазик.Но Србија политички ги има признаено сите четири нации и јазика дури и на својата територија.И хрватскиот и црногорскиот и босанскиот и македонскиот се службени јазици во повеке србски општини.Ама српската наука историографија,лингвистика не го признава тој факт и секојдневно се бори со аргументи.Истата приказна е и со Македонија.Политиката максимално ја дава подршката за македонска нација и јазик ама секоја година се печатат
книги за Македонија како стара Србија,Како ја ослободиле Македонија во балканските војни.Книги за српски манастири и цркви од време на Средновековието,а изгледа ги има доста.Да не спонувам пак дека за Српската црква ние сме тотално срби а И изгледа дека БПЦ ги поткрепува во таа намера.)
4.Зедничката историска комисија да ја измени малку стратегијата:
-Да се објават сите пет веке потврдени личности плус Делчев како општ,заеднички без многу детали.И плус Глигор Прличев за кого прво се согласиле па бугарската страна се повлекла.
-Да се утврдат уште десет или петнаесет настани кои се општи без многу големи тектови и објаснение и да почната да слават заедно.Може и сто и петнаесет ама тогаш политичарите само од прослава на прослава треба да одат.
-Бугарската страна под итно да направи список на места од македонските учебници кои се навредливи за нив и тие да се се избришат без да се чека општата дискусија.
-Да се направи нова специјална комисија која ке работи под најбрза постапка за прогонот и убиствата на Македонци со бугарска национална свест.Според бугрски извори 30.000 убиени и 120.000 малтретирани.Лично сметам дека тука некој лошо ја подводи бугарска јавност.Но и 1200 да се демократија треба да објави на виделина.
-Македонската страна да се задолжи Во сите историски книги незвисно од државен или приватен издавач точна да га дава преводот посебно каде писателите пишувале македоци или бугари.Секој фалсификат да биде финансиски санкционран.
-Македонската историографија да ги корегира и да ги даде вистинските имиња на институциите,на пример Народна Федеративна Партија???
– Македонската историографија да ги потполни важните биографски моменти на важнили личности.На пример фактот дека Гоце,Даме,Горче и стотици други биле учители на бугарската егзархија не е мала работа која ја криеме.
-И конечно имам и предлог со кој може да го затвориме и проблемот со јазикот.Македонската страна да признае дека целата македонска преродаба се обидувала да создаде заеднички јазик со Бугарскиот но врз база на македонските дијалекти но бугарската интелегенција поради кратковидост кодифицирале јазик само врз база на северозападните дијалекти со штоа го отвориле патот на македонскиот јазичен сепаратизам а на Српските лингвисти основа дека и шопските говори во Бугарија се српски јазик. .Дека официлно писмо и јазика на На сите македонски организации во османлискиот период бил Бугарскиот јазик и писмо.Што се лесно проверливи факти.А бугарската страна да прифати дека тоа е добар приод да се затвори јазичното прашање.
5.Инфраструктурните прашања.Македонската страна да ја даде под концесија железничката пруга на бугарските железници со пресметан екстра профит да ја доградат. Бугарската страна да ги изгрдат патиштата за граничните премини Клепало кој дваесет години има и пат и гранична зграда.И преминот Црна Скала мегу Делчево и Кустендил каде патот беше изграде но веке и руиниран.
Македонскатта страна како поклон на Бугарија да и изгради втора лента на Преминот Делчево – Благоевград каде на секој празник лугето чекаат со саати.

Коронавирус