четврток, 5. август 2021. Вести денес: 0
Вонредна вест

ОГНОТ ЈА ЗЕМА ПРВАТА ЖРТВА – изгоре жена во Старо Нагоричане

home Вести

Дали Заев ќе го испочитува ставот на историската Комисија дека бугарската декларација е неприфатлива за македонската страна?

Дали Заев ќе го испочитува ставот на историската Комисија дека бугарската декларација е неприфатлива за македонската страна?

Историската комисија за утврдување на факти составена од македонски историчари ја отфрли бугарската декларација која предвидува неприфатливи работи за Македонија. Но, сето тоа што се случи изминативе години ни даде реална слика за тоа што е способен да прифати македонскиот премиер, па сега е логично да се запрашаме дали Заев ќе го испочитува овој став.

„Апсолутно неприфатливо е политиката да ги решава историските спорови или историчарите да  ги решаат политичките спорови. Самокритичноста е основниот елемент кој ќе може да не придвижи напред, а не идејата дека ние ја поседуваме историската вистина за што било, и другата страна мора да ја прифати таа вистина. Тоа е патот кој не води никаде“, рече Драги Ѓоргиев, копретседател на Мешовитата македонско-бугарска комисија за историски и образовни прашања.

-Отсекогаш имало политизирање на историјата или историцизирање на политиката на Балканот и тоа е еден од големите недостатоци на нашите историографии, па дури и во учебниците по историја отсекогаш определени личности и настани од минатото се митологизираат. Се прават митови од нив кои потоа се злоупотребуваат политички. Нашата цел како Комисија е токму тоа – да се избегне злоупотребата на историјата во политички цели, бидејќи на Балканот отсекогаш се правело тоа. Нашата цел е во правењето на препораки за подобрување на учебниците да се дадат препораки кои ќе ги апсолутно сведат на нула политизирањето на одредени личности, митологиозирањето, кои потоа се користат во дневно-политички цели, истакна Ѓоргиев во гостувањето на емисијата „Само вистина” на Канал 5 ТВ.

Според него, апсолутно неприфатливо е дефинирање на Гоце Делчев од страна на владите.

-Тие можат да дават изјави, владите можат и да усвојат заклучоци за Гоце Делчев, за цар Самоил, меѓутоа тоа ќе создаде поголем проблем, отколку што ќе го реши проблемот. Работата е да создадат услови, текстови кои ќе им дадат на политичарите можност да тие личности и настани ги употребат за  поврзување на двата народи, македонскиот и бугарскиот. Апсолутно би било небулозно политичари било во Бугарија било овде, да донесат одредена одлука за Гоце Делчев, за цар Самоил, за кој било настан од историјата. Тоа ќе биде преседан кој уште повеќе ќе ја влоши ситуацијата, смета историчарот Ѓорѓиев.

Деновиве во македонските медиуми излегоа делови од декларацијата која Бугарија ја понудила на Македонија, а за која Заев молчи пред македонската јавност.

Во бугарската декларација, меѓу другото, стои дека македонскиот јазик има бугарски корени, дека нашите историски личности и херои не се Македонци, туку Бугари и дека на наша територија никогаш не се случила бугарска окупација. Заев ниту еднаш, по објавување на овие информации, не се огласи да негира дека прифаќа било какви измени на ШТЕТА на Македонците.

Еве дел од бугарската декларација која пред неколку дена беше објавен во медиумите:

  1. Бугарија се заканува дека „нема да дозволи интеграцијата на С. Македонија во ЕУ да биде придружена од европска легитимација на државно спонзорирана идеологија на анти-бугарска основа”, а истиот пасус финишира со оценката дека „препишувањето на историјата на дел од бугарскиот народ по 1944 година е еден од столбовите на антибугарската идеолошка конструкција на југословенскиот тоталитаризам
  2. Договорот за добрососедство да биде наведено како уште еден услов во преговорите.
  3. Добрососедските односи имаат хоризонтално значење и следствено треба да се оценуваат во секоја етапа од процесот на пристапување на земјите кандидати
  4. Никаде во документите на ЕУ да не фигурира „македонскиот јазик“, односно ако веќе мора, да се користи терминот „официјален јазик на Република Северна Македонија“. Доколку, како што се наведува, „постои апсолутна неопходност да се користи терминот ’македонски јазик’ во документи и ставови на ЕУ, со ѕвездичка во фусноста да се појаснува дека е тоа „согласно Уставот на Република Северна Македонија“.,треба да биде јасно дека јазичната норма која е прогласена за уставен јазик во Република Северна Македонија, е поврзана со еволуцијата на бугарскиот јазик и неговите наречја со неговата кодификација во 1944 година.”
  5. До втората меѓувладина конференција, историчарите ќе треба да постигнат согласност за уште една група личности и настани од историјата до 1944 година (не се наведува кои).
  6. Да се хармонизираат училишните програми по историја и литература во двете земји“, и дополнително: „историските и литературните извори од 19 и 20 век, паралелно со адаптираните текстови, да се претставуваат и изучуваат и во оригиналната форма на која биле напишани.
  7. Бугарија ќе инсистира Македонија да ја приложи „учебната програма по историја, географија и литература“ од основните училишта до универзитетите во кои веќе ќе бидат имплементирани сите договорени одлуки на историската Комисија. Истото се однесува и на спомениците во земјата.
  8. Надминување на говорот на омраза во јавниот простор“, особено кон лица кои се идентификуваат како Бугари, но и поголема транспарентност за сопственоста и финансирањето на медиумите.

Деновиве ВМРО-ДПМНЕ организираше блокади и протести во Скопје и во 10 други македонски градови. Јавно бараат Заев да го обелодени тоа што го потпишал или што го крие во договорите со Бугарија, но од премиерот ни трага ни глас.

Распродавањето, раскчмувањето и националните порази на Македонија имаат име и презиме, а тоа е Зоран Заев. Граѓаните на Македонија се уште не добија одговор за што преговара Заев со Бугарија, порачуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Зоран Заев и Владо Бучковски треба веднаш да и одговорат на македонската јавност што тајно преговараат со Бугарија. Дали повторно под маса се преговори за нови национални предавства од страна на двоецот Заев- Бучковски.

Додека Зоран Заев повторно се колне дека не се преговара за јазикот, историјата, идентитетот и културата на македонскиот народ, од страна на нашиот сосед секојдневно слушаме дека нивните црвени линии се јасно познати и составени во Бугарската декларација, која е потврдена во парламентот на Бугарија. Ова јавно го потврди и бугарскиот премиер.

Зоран Заев, Бујар Османи и Владо Бучковски треба веднаш пред пратениците во Собранието на Македонија да го презентираат Нацрт документот за кој преговараат со официјална Софија“ – велат од партијата.

Од ВМРО-ДПМНЕ порачуваат: „Се додека Заев не одговори за што преговара со Бугарија, ВМРО-ДПМНЕ ќе ги искористи сите демократски алатки за спречување на ново национално предавство од оваа ненародна власт“

-Ова е исклучително значаен момент за иднината на нашата држава и македонскиот народ, бидејќи доколку се прифати оваа Декларација да биде дел од преговарачката рамка на Македонија со Европската Унија ќе се изврши целосна асимилација врз македонскиот народ. Со Зоран Заев и СДСМ, Македонија и македонскиот народ доживуваат само порази и понижувања, 4 години Заев, 4 години украден живот. Доста е, истакнуваат од партијата.

Останува да видиме дали ќе го испочитува ставот на историчарите или ќе продолжи да води гола политика, на грбот на цел македонски народ и држава.

Коронавирус