четврток, 12. декември 2019. Вести денес: 92
home Вести

Дали Заев го смете првиот скопски цариник Златко Кофиловски поради Боки 13?

Дали Заев го смете првиот скопски цариник Златко Кофиловски поради Боки 13?

На долгиот список сметени директори и членови на управни одбори именувани од извршната власт што денеска на прес-конференција во Вадата таксативно ги наброја премиерот Зоран Заев се најде и првиот човек на Скопската царинарница Златко Кофиловски.

За првиот скопски цариник се чу во јавноста во март-април минатата година, кога јавноста бараше одговри кој му ја скина казната на Боки 13, кој беше во шверц на лусузни чевли, за што требаше да плати 15.000 евра.

Како што објави тогаш „Нетпрес“, наредбата за на Боки 13 да му се скине казната стигнала од првиот човек на скопската Царина, Златко Кофиловски. Откако му ги вратил чевлите, од кои Боки 13 носече еден чифт и на отворањето на телевизијата, Кофиловски заминал на забавата по повод отворањето на телевизијата „Еден“, заедно со многуте гости, повеќето припадници на владејачката гарнитура, кај која Боки 13 ужива голем углед.

Боки 13 бил фатен на скопскиот аеродром во шверц на 19 парчиња луксузна гардероба. Тој долетал со авион од Виена, но не пријавил ништо за царинење. Сепак, цариниците во багажот на Боки 13 се наѓале 10 пара машки чевли од марките „Givenchy“, „Gucci“, „Giuseppe Zanotti“, „Tom Ford“, „Christian Louboutin“, „Laurent“ и „Louis Vuitton“, потоа четири пара луксузни папучи од марките „Gucci“, „Fendi“ и „Giuseppe Zanotti“, и еден пар очила за сонце „Gucci“, како и два пара ремени од марките „Louis Vuitton“ и „Gucci“.

Само чевлите марка „Гучи“ чинат 800 евра, иако другите модели достигнуваат цена и до 2.000 евра.

Ова е добра индиција ОЈО да постапи по допрен глас и конечно по година и кусур да даде одговор кој му помогнал на Боки 13 да ја заобиколи правдата и да не ја плати царинската казна од 15.000 евра за шверц на брендирана стока, како што пишуваа тогаш медиумите, а прашањето до ден денес остана отворено.