понеделник, 30. март 2020. Вести денес: 65
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Вести

Дали Заев го излажа Помпео?!

Дали Заев го излажа Помпео?!

Американскиот државен секретар Мајк Помпео денеска беше во посета на земјава при што тој се сретна со претседателот Пендаровски и премиерот Зоран Заев со кој и одржаа заедничка прес конференција.

-Убеден сум дека Македонија ќе биде силна земја сојузник во НАТО и сигурен сум дека Сенатот на САД оваа есен ќе го одобри Протоколот за членство, со што и формално ќе ви посакаме добредојде во Алијансата, истакна Помпео.

Но на самата прес конференција имаше интересна ситуација со изјавата на премиерот Заев.

Американскиот државен секретар Помпео изјави дека е информиран дека Македонија веќе во 2020-та ќе троши 2% од својот Бруто Домашен Производ (БДП) за својата армија, додека премиерот Заев посочи дека таа сума Македонија ќе ја достигне во 2023-та најкасно 2024-та година.