среда, 8. декември 2021. Вести денес: 108
home Вести

Дали за ова беше договорот на Заев со Хоџа: СДСМ доби 240 гласови од местата каде УЧК уби 4 припадници на АРМ и МВР

Дали за ова беше договорот на Заев со Хоџа: СДСМ доби 240 гласови од местата каде УЧК уби 4 припадници на АРМ и МВР

За свој советник во владиниот кабинет, Зоран Заев си го избра командант Хоџа. Му понуди плата од 36.000 денари за функцијата советник за безбедност.

Јавноста ги погледна неговите скандалозни изјави дека се гордее со терористите од Диво Насеље, дека сака федерализација на Македонија и слично, па излезе со остри реакции. Командант Хоџа под притисок на јавноста се повлече од оваа функција.

Сепак, останува фактот дека Заев сам си го избра ова лице за негов советник. Што стои зад оваа соработка?

СДСМ на изборите доби240 гласови во Танушевци, Малина Маало и Брест каде УЧК уби четири припадници на македонската Армија и полиција. На овие места командант Хоџа „оперираше“ во 2001-ва година кога паднаа жртви од страна на македонските бранители.

Во овие три села, каде командант беше Хоџа, а Заев доби гласови на изборите, беа положени 4 млади животи.

Кирчо Димитриов имаше само 33 години кога загина на 4-ти  март 2001-ва година во Танушевци при експлозија на нагазна мина, поставена од терористите на ОНА.

Беше  македонски бранител, капетан во АРМ, учесник во Воениот конфликт во Македонија во 2001 година. 

Заедно со Кирчо, на ова место загина и Дејан Јакимовски кој тогаш имаше само 25 години. Беше македонски бранител, водник во АРМ, учесник во Воениот конфликт во Македонија во 2001 година. Загинал на 4 март во Танушевци при експлозија на нагазна мина, поставена од терористите на ОНА.

На 24-годишна возраст беше убиен Теодор Стојановски кој тогаш имаше 24 години. Стојановски бил македонски бранител, војник во АРМ, учесник во воениот конфликт во Македонија во 2001 година. Загинал на 4 март 2001 на Караула Танушевци од снајперски оган од терористите на ОНА.

28-годишниот Горан Стојановски исто така го загуби својот живот во селото каде беше командант човекот кој Заев го избра за советник. Бил македонски бранител, припадник на посебната единица ПЕП, учесник во воениот конфликт во Македонија во 2001 година. Убиен е на кукавички начин на 8 март 2001 година откако налетал на нагазна мина во придружба на конвојот со хуманитарна помош. Потоа бил гранатиран од минофрлач од страна на терористите од ОНА.

240 гласови од овие села на контото на Заев и СДСМ.

Во овие села, на изборите во 2016-та и 2017-та година, гласови добиваше тогашната опозиција, а денес власт.

Најнови вести

Коронавирус