среда, 28. октомври 2020. Вести денес: 99
home Вести

Дали за лични интереси Али Ахмети му го сруши угледот кај Албанците на нотарот Насер Зибери?!

Дали за лични интереси Али Ахмети му го сруши угледот кај Албанците на нотарот Насер Зибери?!

Несудениот прв премиер Албанец, портанешен министер, пратеник и актуелен нотар, Насер Зибери, остана без коментар по договорот за владината коалиција меѓу СДСМ и ДУИ. Но, тоа отвори сериозни прашања во редовите на ДУИ.

Меѓу незадоволните пратеници на Али Ахмети се најде и внукот на Насер, Арбен Зибери. Тој вчера, при напуштањето на Собранието, со својот автомобил удри во една од металните заштитни огради. Што е вистинската причина за незадоволството на Арбен се уште не е познато. Првичните оценки беа дека се работи за незадоволство поради изборот на Артан Груби и Бујар Османи за прв вицепремиер и за министер за надворешни работи.

Но, тоа што внесува нејаснотии е фактот дека по постигнувањето на договорот за владина коалиција меѓу старо-новите партнери СДСМ и ДУИ и согласноста во последните 100 дена Владата за прв пат да биде раководена од премиер Албанец, никој не го спомена името на нотарот Насер Зибери! Што значи дека е неизвесно дали тој ќе биде и првиот премиер Албанец.

Ова е само едната страна од медалот. Втората е што неговото име не се најде на друга министерска функција како дел од новата влада, што во пракса би значело можност повеќе за полесно преземање на функцијата прв премиер Албанец.

Ваквиот однос кон Насер Зибери не значи ништо друго, освен чиста злоупотреба на неговото име во политички цели и целосно уривање на неговиот личен интегритет и дигнитет, што секако паѓа на душа на лидерот на ДУИ, Али Ахмети.

Очигледно, личните интереси на Ахмети околу изборот на министерските кадри, што изроди незадоволство во редовите на ДУИ, му дадоа предност на Артан Груби во однос на Насер Зибери. А, да биде иронијата поголема, токму Груби и Османи беа главните ликови, кои во ТВ настапите го промовираа Насер Зибери како личност, која соодветствува повеќе за премиерската функција, отколку Зоран Заев или Христијан Мицкоски.

Коронавирус