недела, 25. октомври 2020. Вести денес: 19
home Вести

Дали власта започна со притисоци за референдумот, први на удар вработените во Комунална хигиена?

Дали власта започна со притисоци за референдумот, први на удар вработените во Комунална хигиена?

До нашата редакција стигнаа поплаки дека оваа недела лицата кои со договор на дело биле вработени во Комунална хигиена на град Скопје и на кој не им е продолжен договорот, биле повикани од одговорните со ветување дека доколку гласаат на престојниот референдум и го поддржат договорот со Грција, истите веднаш ќе бидат вратени на работа.

Како дополнитело ветување им било дадено дека доколку успее референдумот тие ќе бидат трајно вработени.

Се работи за неколкумина претходно ангажирани од Шуто Оризари, но има такви и од други општини од градот Скопје.

Ваквите информации беа негирани од страна на менаџменот во Комунална Хигиена, но сведоштвата говорат сосема друго.

Се поставува дилемата дали власта планира фер и демократски референдум или ќе има реприза на нерегуларностите забележани на претходните изборни циклуси.

 

Коронавирус