петок, 27. ноември 2020. Вести денес: 127
Во живо

СЛЕДЕТЕ ВО ЖИВО: Натпартиски протест во Куманово за одбрана на црвените линии кои се последниот бедем на нашиот идентитет

home Вести

Власта врши перфидна дискриминација на национална база со музикантите од Битола

Власта врши перфидна дискриминација на национална база со музикантите од Битола

Каде исчезнаа останатите 191 лице, македонски граѓани кои требаше да бидат изолирани во Пепелиште?

Ова е главното прашање кое се наметнува откако по најава дека таму ќе се сместат 200 лица, во Пепелиште се сместија само 9-те битолски музиканти.

Во нивниот случај, владата и министервото за одбрана на Шеќеринска вршат јасна и јавна дискриминација. Факт е дека музикантите се од ромска националност.

Владата на СДСМ која декларативно се залага за едно општество за сите, сега во карантин носи само припадници на една националност. Каде се другите 190 лица кои требаше да бидат во карантин и кој ќе одговара за ваквата јавна дискриминација на македонските граѓани?

Дејствувањето на владата на СДСМ наликува на едни црни времиња од 30-те и 40-те години на минатиот век.

Наместо да одоговорат на ова, министерството за одбрана на Шеќеринска се пофали дека лицата сместени во Центарот за обука во Пепелиште – Криволак,  во текот на денешниот ден ќе биле преместени во реновираниот Завод во Демир Капија.

– Како што известивме вчера, Центарот за обука во Пепелиште е само привремен простор каде треба да се извршат епидемиолошките прегледи согласно медицинскиот протокол. Тимот на Министерството за здравство утрово ќе ги заврши прегледите по што веднаш лицата ќе бидат преместени, се истакнува во соопштението.

Музичари од Битола кои се враќале од Австралија се дел од околу 200-те патниците кои вчера допатуваа во Македонија преку граничниот премин Деве Баир, откако не им беше дозволен влез во Србија од Унгарија.

Иако властите најавија дека сите лица ќе бидат сместени во групен карантин во касарната во Пепелиште и за тоа се обезбедени услови, деветте музичари тврдат дека само тие се наоѓаат на касарната.

Членовите на оркестарот синоќа преку социјалните мрежи објавија видео во кое ги споделуваат нивните искуства за тоа во какви услови се сместени истакнувајќи дека се сместени во студени простории, креветите и перниците не се чисти, а низ просторијата шетаат црви и други инсекти.

Дали грешките на владата на СДСМ ќе ги плаќа Македонија во Стразбур?

 

 

Коронавирус