петок, 29. јули 2022. Вести денес: 62
home Вести

„Дали владата веќе го прифатила предлогот од Париз, информациите говорат дека е усогласен со МНР?!“

„Дали владата веќе го прифатила предлогот од Париз, информациите говорат дека е усогласен со МНР?!“

Дали владата веќе го прифатила предлогот од Париз, информациите говорат дека е усогласен со МНР?, прашуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Според нашите информации предлогот од Париз е усогласен преку канали на комуникација со МНР во Македонија, односно Ковачевски го одобрил истиот пред официјално да биде испратен.

Предлогот за решавање на спорот е многу полош за Македонија од сите предлози претходно. И тој предлог значи асимилација на Македонците и насилна бугаризација доколку сакаме да влеземе во ЕУ.

Со евентуално прифаќање на овој предлог СДСМ и ДУИ нанесуваат трајна штета на Македонија и Македонците.

Ковачевски не треба да чека ниту ден и веднаш уште денеска да го отфрли предлогот.

Ковачевски да се охрабри и да застане на линија со државните интереси, потенцираат од ВМРО-ДПМНЕ.

Коронавирус