Две судбини вчера ја потресоа цела македонска јавност. Младиот Никола кој беше крвнички претепан, почина на скопските клиники. На клиника беше донесено и претепано бебе, кое, како што информираа од КАРИЛ е во релативно стабилна состојба.
Јавноста за овие два случаи беше детално известувана. Но, телевизија Телма, во еден од термините за вести, крајно конфузно и шпекулативно известуваше за смртта на младиот Саздовски.
Имено, откако го пуштија прилогот во кој докторката на КАРИЛ објаснуваше за трагичниот настан и повредите со кои се здобил Никола Саздовски-Саздо, спикерката, инаку сопруга на поранешниот министер Роберт Алаѓозовски, намерно или не го сумираше прилогот како да се работи за сосема друг случај.
Гледачите на Телма збунето ги проследија прилозите и објаснувањето на спикерката, па се поставува прашањето дали телевизијата свесно сакаше да ги донесе во заблуда, со цел да сокрие детали од причините за смртта на Никола.
Социјалните мрежи веднаш реагираа дека се работи за ширење хаотични и лажни вести со цел јавноста првично да стекне погрешни информации во кои вистината ќе остане изгубена помеѓу.
Соучесниците во убиството на Саздо @televizijatelma го прикриваат убиството. Додека докторката зборува за Саздо фејкњуз ТеЉма во студио спинува за некое 14 месечно бебе на карил. Бебето е во стабилна состојба, Саздо почина денес, а не Бебето!!! #ШарениУбијци#Бојкотирам pic.twitter.com/KwZ44JwIBX
— ☜☆☞ Чиз™ ☜☆☞ #Бојкотира (@C4i7Z) July 9, 2018