вторник, 1. декември 2020. Вести денес: 33
home Вести

Дали Спасовски преку лапсузот со „таа“ Св. Сава овозможи средба со патријархот Вартоломеј?

Дали Спасовски преку лапсузот со „таа“ Св. Сава овозможи средба со патријархот Вартоломеј?

За потсeтување, како министерот за внатрешни работи, сега техничкиот Оливер Спасовски се обрука во обидот на припадниците на Српската заедница во Македонија да им го честита националниот празник Св. Сава.

Во честитката која ја објави на неговиот фејсбук профил, Спасовски го прогласи националниот светец на Србите за женско.

-Среќна Св. Сава на припадниците на Српската заедница и на сите православни христијани коишто ја слават Св.Сава, напиша Спасовски.

По реакциите на социјалните мрежи, министерот Спасовски се сепна и итно си ја поправи грешката.

Денеска, Спасовски изрази задоволство од средбата со Вартоломеј. Св. Сава, пак, не го коментираше на оваа прес-конференција.

– Навистина сме многу задоволни од средбата, охрабрени сме од зборовите дека ова наша заемна комуникација ќе продолжи и понатаму, и дека ќе почне еден динамичен дијалог во рамките на Вселенската патријаршија, се со цел да се надминат проблемите кои ги има Македонската православна црква, рече тој во одговор на прашање на денешната прес-конференција во врска со неговата вчерашна средба со патријархот Вартоломеј во Истанбул.

Јавноста се прашува, но не доби одговор кои беа причините за неаргументираното присуство на екс премиерот Зоран Заев на средбата со г.г. Вартоломеј, а „најлогичното“ објаснување го најдоа во неговиот разговор со лажниот Порошенко во кој Заев се согласи со понудата на украинскиот „премиер“ и најави дека со мито ќе ја купи автокефалноста на МПЦ-ОА.

Всушност, со Вартоломеј се сретнаа двајца познавачи на ситуацијата во православието, се шегуваат граѓаните – човекот за кој Св. Сава беше женско и вториот кој купува автоќефалност за стотина илјади евра.

Добар тандем, коментираат граѓаните на социјалните мрежи. Посоодветен, здравје, додаваат другите.

Коронавирус