сабота, 7. декември 2019. Вести денес: 0
home Вести

Дали се „крчка“ предизборен поткуп на медиуми- Владата со 50 милиони денари ќе поддржи печатени медиуми

Дали се „крчка“ предизборен поткуп на медиуми- Владата со 50 милиони денари ќе поддржи печатени медиуми

На 5 месеци пред одржувањето на предвремените парламентарни избори Владата донела одлука за субвенционирање на печатени медиуми.

На предлог на министерот без ресор задолжен за комуникации, Владата на последната седница го донесе новиот текст на Програмата за поддршка за печатење и дистрибуција на печатените медиуми за 2019 година.

Средствата за реализација на оваа програма, утврдени со Буџетот за 2019 година се во износ од 50.000.000 денари, а Генералниот секретаријат на Владата ќе објави Јавен повик за поддршка за печатење и дистрибуција на печатените медиуми за пријавување на интерес за средствата од оваа програма во рок од три дена од денот на влегувањето во сила на оваа програма.