петок, 30. октомври 2020. Вести денес: 103
home Вести

Дали СДСМ имаше уфрлени инсталации на протестот пред Собранието?

Дали СДСМ имаше уфрлени инсталации на протестот пред Собранието?

Лидерот на десничарската проруска партија Единствена Македонија, Јанко Бачев, со руско знаме и со знамето со ѕвездата од Вергина в раце се качи на полициската оклопна кола, на вечерашниот протест пред Собранието против договорот за името со Грција, кој заврши со судир меѓу демонстрантите и полицијата при обид да се пробие кордонот и во кој има и повредени.

Пред да започнат нередите, меѓу оние кои пробаа да го пробијат полицискиот кордон беше и Бачев, кој во еден момент се издвои од групата демонстранти и се качи врз оклопното возило и ги развеа знамињата, се задржа така неколку минути, а потоа на барање на полицаец се симна. Ваквиот потег на Бачев беше објавен од речиси сите провладини медиуми во земјава.

Меѓу коментарите на социјалните мрежи, има и такви кои прашуваат дали е можно токму Бачев да претставува уфрлена инсталација на протестот од страна на Владата, одработувајќи за СДСМ и Зоран Заев, со цел да го поведе народот во едно насилничко сценарио, со цел да обезбеди алиби за власта предводена од Заев, која вечерва употреби солзавец и шок бомби за да ги растури протестот?!

Неговата партија Народно движење за Македонија во јануари годинава го смени името во Единствена Македонија, а се залага за  стратешко партнерство со Русија и е против зачленување на Македонија во НАТО и Европската Унија. Бачев е професор на Меѓународниот славјански универзитет „Гаврило Романович Державин“ на чиј сајт стои дека е официјален руски партнерски универзитет.

Коронавирус