недела, 20. јуни 2021. Вести денес: 93
home Вести

„Дали првиот човек на РКЕ Бислимоски вели дека годинава нема да дозволи зголемување на цената на струјата, само заради локалните избори на есен?“

„Дали првиот човек на РКЕ Бислимоски вели дека годинава нема да дозволи зголемување на цената на струјата, само заради локалните избори на есен?“

„НЕЗАВИСНИОТ“ ПРЕТСЕДАТЕЛ НА РЕГУЛАТОРНАТА КОМИСИЈА ЗА ЕНЕРГЕТИКА И ВОДНИ УСЛУГИ- МАРКО БИСЛИМОСКИ НЕ ПРЕСТАНУВА ДА ЈА ИЗНЕНАДУВА ЈАВНОСТА СО ИЗЈАВИТЕ КАКО ДА Е „ПРЕМИЕР ВО СЕНКА“!
РКЕ одлуката за тоа дали ќе има зголемувања на цената на струјата ја носи врз основа на барањата на енергетските компании, кои до 15 мај треба да ги достават до РКЕ.
Политичката фигура Бислимоски наместо да се зафати со пресметки со цел да види што се случува со финансиите на регулираните енергетски компании, излегува со став дека ќе стави над Законите и нема да ја покачи струјата!
Дали овој човек ја има измешано функцијата или пак се чувствува како „премиер во сенка“? Зошто лани не се стави над Законите, туку ја покачи струјата за 7,4 % во услови на пандемија, што предизвика жестоки реакции кај граѓаните?
Дали првиот човек на РКЕ Бислимоски вели дека годинава нема да дозволи зголемување на цената на струјата, само заради локалните избори на есен?
После поскапувањето на струјата од 7,4 % кое го направи Регулаторната комисија за енергетика во јули 2020, сега истите оние кои го осиромашија народот, ќе го спасуваат од сиромаштија со помош на субвенции во форма на ваучери за домаќинствата за електрична енергија.
Зошто тогаш ја поскапуваа струјата ако сега сакаат да делат субвенции? Одговорот е јасен: веднаш после изборите во јули, СДС побрза да си го земе назад, но неколку кратно повеќе, сé она што граѓаните го добија како поткуп на картичките, помош за студентите, ваучери за одмор и слично,
Сега, откако СДСМ нé доведе до питачки стап и тоа во време на корона криза кога секој е погоден на некој начин од кризата, истите тие што нé осиромашија со зголемената цена на струјата, ќе делат субвенции во форма на ваучери за домаќинствата за електрична енергија и ќе се фалат дека ако треба ќе се стават и над Законот ама нема да ја покачат струјата. Премногу патетична глума дека се многу загрижени за својот народ!
За жал, тоа е начинот на функционирање на оваа ненародна власт: прво ќе му земе на секое семејство по 1000 денари, а потоа за да ги поткупи ќе им врати 100 денари. И тоа не на сите, туку само на оние за кои тие ќе проценат дека треба да се „поткупат“.
Но, на македонскиот народ веќе му е јасно!
Поткупот за локалните избори тешко дека ќе им помине!
КОМИСИЈА ЗА ЕНЕРГЕТИКА НА ВМРО-ДПМНЕ

Фејсбук објава на Комисии на ВМРО-ДПМНЕ

ЕУРО 2020

Македонија