недела, 17. јануари 2021. Вести денес: 78
home Вести

Дали примена вакцина ќе биде услов за патување во странство?

Дали примена вакцина ќе биде услов за патување во странство?

Вакцинацијата против Ковид ќе се закажува преку “Мој термин” и целиот процес ќе се следи преку овој систем, објави ТВ СИтел.

Во меѓувреме секој Здравствен дом треба да пополни прашалник и детално да го наведе бројот на кадар кој ќе ја спроведува имунизацијата, дали се соодветно обучени, колку вакцинални пунктови имаат и дали персоналот поминал обука за одржување на “студениот синџир”за вакцини. На денешниот состанок на министерот за здравство и претседателката на Комитетот за имунизација со директорите на сите Здравствени домови во земјава биле посочени неколку клучни сегменти за вакцинацијата против коронавирусот. Ќе се спроведува во сегашните пунктови, а вработените ќе поминат соодветна едукација. Еден од предизвиците ќе биде чувањето,доколку во Македонија дојде вакцината на Фајзер и Бионтект која се одржува на -70 степени.

-Ние како Здравствен дом Скопје немаме такви фрижидери на -70, не верувам дека и помалите здравствени домови имаат. Ќе почекаме да видиме дали министерството ќе ги набавува, а ние сме подготвени како Здравствен дом Скопје да набавиме, изјави д-р Виктор Исјановски, директор на Здравствен дом Скопје.

Вакцината ќе биде бесплатна и незадолжителна. И во Македонија секој кој ќе се вакцинира и побара ќе добие сертификат, бидејќи највероатно без него нема да може да патува во многу држави. За ова треба да прецизираат министрите за земјите членки на ЕУ.

-Може некои земји ќе им побараат документ за да може да се влезе на нивна територија, ова допрва ќе се организира. И ние најверојатно ќе издаваме таков сертификат односно документ за да може граѓаните оние кои сакаат да патуваат, рече д-р Исјановски.

И додека во некои земји денови се во прашање за почеток на вакцината против Ковид, кај нас вакцинацијата ќе почне најрано во првото тромесечје од 2021. Според најавите од здравствените власти планирано е да се набават 2.4 милиони дози за 60 до 70 проценти од населението.

Коронавирус