недела, 27. септември 2020. Вести денес: 39
Во живо

ВО ЖИВО: Прес-конференција на Христијан Мицкоски

home Вести

Дали премиерот Заев изманипулира и за Еурокомпозит? Работниците со живот на вересија

Дали премиерот Заев изманипулира и за Еурокомпозит? Работниците со живот на вересија

Некогаш фабрика која работи со полна пареа, двор преполни со работници, а сега двор зараснат со трева, без струја, затворени погони, украдена опрема, вака денеска изгледа државната компанија Еурокомпозит која некогаш броеше над 1.800, а денес има само 50-тина вработени.

Разочарани и разгневени 50-тина вработени во прилепската фабрика за наменско производство Еурокомпозит вчера го манифестираа своето незадоволство бидејќи 8 месеци во време на економска и здравствена криза се оставени буквално без денар и никаква помош од државата.

Вработените се загрижени не само за својата егзистенција, туку и за своето здравје. Не само што не добиваат пари, туку немаат ни право на здравствена заштита со партиципација.

Еден од вработените вели дека испратиле и жалба до Управата за јавни приходи бидејќи не добиле никаква помош од страна на државата, но од таму не добиле никаков одговор.

Осум месеци немаме ниту денар примено, сите приватни фирми земаа некакви ваучери, некаква помош, а ние немаме ниту денар земено досега. Имаме и жалба пуштено до УЈП но немаме добиено никаков одговор од нивна страна. Зошто ние да не добиваме никакви ваучери за туризам и купување на домашни производи, требаше да не следува и нас, макар што ние нема да го користиме тој за туризам бидејќи ние не можеме да преживееме, а не да шетаме, и апсолутно сме заборавени, вели еден од вработените.

Како што раскажуваат тие, губат надеж дека нешто може да се промени бидејќи три години владата на СДСМ не најде решение за нивниот проблем, иако премиерот Зоран Заев лично повеќе пати уште во 2017 година им вети дека проблемот со фабриката ќе биде решен, а вработените ќе си ги добијат своите плати и придонеси, но истото се испостави дека е лага.

Ниту неколкуте протести на вработените пред владата, ниту средбите и ветувањата од страна на претставниците од власта, не беа доволни за да се надмине овој проблем со кој се соочуваат вработените на оваа фирма.

Очигледно е дека згаснувањето на фабрики е јака страна на владата на СДСМ, па освен вработените на прилепската компанија Еурокомпозит, со истиот проблем се соочија и вработените на фабриката за шински возила Колска која во неколку наврати преку штрајк бараа исплаќање на неисплатените плати и обезбедување на репроматеријали за работа. Поради лошите економски политики се затвори и кривопаланечката фирма Веибо од која егзистираа 150 фамилии.

Ситуацијата е катастрофална, никој од новите министри не ги контактирал вработените, а премиерот Заев ги излажа вработените кој својот живот денеска за жал го живеат на вересија.

Коронавирус