вторник, 22. септември 2020. Вести денес: 29
home Вести

Дали Пендаровски му дава дополнителни 20 дена на Заев за „пазар“ за мнозинство?

Дали Пендаровски му дава дополнителни 20 дена на Заев за „пазар“ за мнозинство?

Најавата дека утре претседателот Стево Пендаровски ќе му го даде мандатот за формирање на Влада на Зоран Заев не изненади никого. Пендаровски на чело на државата дојде како предлог на СДСМ и беше за очекување токму Заев да ја добие можноста да се обиде да формира влада, анализира порталот Република.

Но, она што изненадува е што Пендаровски постапува споротивно од своитеосвоите изјави дадени пред изборите. Во една телевизиска емисија тој буквално рече „кој ќе ми дојде со 61 потпис,ќ му дадам мандат”.

Или пак пред неколку недели во интервју за „Фокус“ беше дециден и рече дека ќе му го даде на тој што ќе го увери дека има 61 пратеник.

Но, во најавата за доделување на мандат за утре никаде не се споменува дека Заев има обезбедено 61 пратеник.Тоа значи дека Пендаровски ќе му даде дополнителни 20 дена на Заев за пазар на пратеници и уцени, бидејќи е очигледно дека Заев го нема потребното мнозинство.

Кои се гаранциите на Зоран Заев за Стево Пендаровски кога лидерот на СДСМ нема 61 пратеник? Пендаровски со своите постапки одработуваше за Заев и за време на вонредната состојба која неколкупати се одложуваше.  Тогаш беше справувањето со короната, но сите знаеме дека во тој период се донесеа неколку клучни уредби поврзани со изборите.

Целата анализа прочитајте ја на РЕПУБЛИКА

Коронавирус