понеделник, 25. јануари 2021. Вести денес: 146
home Вести

Дали од Заев би купиле левис?

Дали од Заев би купиле левис?

Во меѓувреме дрпаат и лево и десно ко да не ги чека ветената европска иднина, ами студена и гладна сибирска зима! Од вториот и третиот нивен ешалон можеш едно пет Алкатраза да наполниш, а од првиот – да снимиш римејк на „Гангстерска хроника”. Луѓето со кои тие се ракуваат потоа прстите си ги бројат – да видат да не фали некој. Страв ми е да ги загледам овие кутри нивни следбеници што ги шетаат по митинзи – рацете им се гарант ко во пилана да работат! Ама ете, така е тоа кај народот на кој арамбаши и ајдуци му биле историски јунаци, коментира режисерот Дарко Митревски во својата нова колумна за порталот мкд.мк.

Во продолжение ви пренесуваме дел од неговата колумна:

А сте биле некогаш во Европа? Сте ја учеле европската историја? Сте ѝ се восхитувале на европската филозофска мисла? Сте ја читале европската книжевност? Сте уживале во европското сликарство? Сте биле љубител на европскиот филм? Сте поминувале часови и денови студирајќи ја европската архитектура? Сте се вознесувале слушајќи ја европската музика? Сте пробале различни европски кујни? Сте учеле некој од европските јазици? Сте биле можеби вљубени во некој маж или некоја жена од Европа?

Ако да, тогаш знаете дека помеѓу европските вредности и убавини и она што овие шарлатани се обидуваат да го продадат стои непреминлив и длабок кањон. Тие шверцери на сопствените животи, со својата простачка ароганција, со своето плитко знаење, со својата незаситна лакомост и отсуство на секаква етика, се негација на европскиот сон.

И затоа да ве прашам, онака најискрено: дали од овие луѓе очекувате да ви ја испорачаат Европа?

Одговорот се подразбира – бидејќи само будала би одговорила со „Да”.

Односно би заокружила „За”.

Целата колумна на Дарко Митревски на следниот линк.

Најнови вести

Коронавирус