понеделник, 19. октомври 2020. Вести денес: 120
home Вести

Дали новинарите се плашат да го спомнат името на Заев?

Дали новинарите се плашат да го спомнат името на Заев?

Во македонскиот медиумски простор веќе подолг период владее медиумски мрак, кога  се работи за било каква критика кон власта, а особено за првиот човек на „Илинденска“ – Зоран Заев. Голем број комуниколози на различен  начин го толкуваат молкот во медиумите, но сите во еден правец ја насочуваат вината за таквата состојба.

Забележливо е дека големи имиња на македонскиот новинарски простор се влезени во фаза на автоцензурирање, а кога се работи за критика кон Зоран Заев се оди и чекор понатаму, практично не смее да биде споманот ниту неговото име. Ваквата ситуација најмногу се забележува  низ интервјуата на лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски, кога темите на разговор се се освен за актуелната политичка ситуација и општествено –  политичката криза во земјата предизвикана лично од Зоран Заев.

Во текот на вчерашното гостување на Мицкоски кај еден од бардовите на македонското новинарство, Александар Чомовски, се забележа вешто заобиколување на темата Заев кога  Мицкоски го спомна премиерот.

– Се согласувам со голем дел од вашите констатации и како јавна личност се согласувам, и не ми претставува многу ќејф, да ви дадам шанса да се занимавате со Заев истакна Чомовски, прашан од страна на Мицкоски зошто наместо на Заев и катастрофалните политики на оваа власт фокусот го фрлаат на ВМРО-ДПМНЕ и случувањата во партијата.

Истиот феномен го гледаме и кај други високопрофилирани новинари, како кај најдобрата новинарка во македонските медиуми на албански јазик, Арта Тахири, која исто така вешто на новинарско прецизен начин ги заобиколува темите за Заев, но и кај некој од поударните ликови на Телма телевизија, кои буквално го одбележаа македонскиот медиумски простор и оставија белег во нашето современо новинарство во изминативе три декади.

Забележлив е феноменот на вешт новинарски дефокус кога и да се спомнува  Заев и тоа е веќе констатација не само на граѓаните кои понекогаш коментираат и од политичка афилијација кон едната или другата страна, но и според експертите.

Комуниколозите кои ги контактиравме велат дека не е возможно новинари кои порано не се плашале да ги критикуваат ниту Црвенковски, ниту Георгиевски, ниту Груевски и тоа во врвот на нивната моќ, сега да остануваат буквално неми и без критика за Зоран Заев, дури и во  моменти кога власта прави катастрофални грешки, економијата тоне и кога буквално е нагризена и безбедносната сфера, но и уставниот поредок. Се поставува дилемата кога  се работи за високопрофилирани новинари дека тие или се под притисок или под голем страв.  Но сепак, велат тие, несфатливо е како професионалци кои никогаш не се повлекувале кога се  работело за критика кон власта, сега се повлекуваат.

Коренот на ваквата ситуација треба да се бара лично кај Зоран Заев. Блиски луѓе до сегашниот премиер, а поранешен градоначалник на Струмица, кои добро го познаваат неговиот карактер, велат дека кај истиот веќе неколку месеци се забележува голема ароганција и еден апсект на недопирливост. Експертите кои го коментираа Заев велат дека тој е суштината на се, а тоа е пред се од неговото знаење и мисла за недопирливост која го обзема подолг период.

Дали се работи за страв, притисок или стратешка комуникација, конкретно останува да видиме во идниот период.

Коронавирус