среда, 21. ноември 2018. Вести денес: 91
home Вести

Дали на МАНУ и се заканува раскол? Академиците поделени за прашањето за името

Дали на МАНУ и се заканува раскол? Академиците поделени за прашањето за името

Дали во највисокото научно тело постои раскол во однос на најсуштинското прашање за Македонија – промена на уставното име. И додека дел од академската фела гласно предупредува за штетните политики од потпишувањето на договорот од Нивици, но и се потпиша на писмото против преспанскиот договор и референдумот, Центарот за стратегиски истражувања предводена од Академик Владо Камбовски вели дека Договорот било најдоброто решение за деценискиот спор и најприфатлив од научен аспект, анализира телевизија АЛФА.

За Камбовски ниту идентитетот ниту јазикот не биле загрозени, тоа што јазикот останал македонски било голем плус за Македонија, бидејќи при влезот во европското семејство немало да се убедуваме дали нашиот јазик бил македонски или не. На иста линија и професорот Владо Поповски – неможело да има подобар договор и оти е илузија доколку некој каже дека би склучил подобар договор од овој.

Ставовите на академиците за името и за менувањето на уставот брзо се менуваа, па првиот човек на МАНУ пред само пет месеци тврдеше дека маедонија не смее да преговара за ништо друго освен за името и дека промената на уставот не доаѓа во предвид. Фити многу брзо почна да ретерира за своите ставови во годишното експозе пред Академијата иако признава дека се работи за болно прашање.

Со Договорот, имињата на сите јавни институции, државни, културни организации финансирани од државата, ќе бидат дефинирани со терминот „Северна Македонија”, односно ќе станат Aкадемија на науките и уметностите на северна Македонија. Ставовите се судруваат дури и во самиот центар за истражување, Камбовски вели дека нема зошто да им смета на Грците што ќе бидеме македонска академија, а новото или продолженото име во Академија на Северна Македонија според професорот Владо Поповски било покоректно.

На само две недели до граѓанското изјаснување и на повеќе од два месеца од потпишувањето на Договорот дел од академиците дури утре ќе дебатираат за импликациите од потпишаното, и покрај противењето на дел од академиците.