петок, 30. октомври 2020. Вести денес: 67
home Вести

Дали на мала врата Владата протуркува легализација на дроги?

Дали на мала врата Владата протуркува легализација на дроги?

Познати личности ја поддржаа кампањата на невладината организацијата „Билка“ која се залага за целосна декриминализација на канабисот, како за медицински, така и за рекреативни цели.

Досега новинарот Огнен Јанески, водителот Марко Новевски, актерката Ирена Ристиќ, балерината Мими Поп Алексова и психијатарот Дарко Костовски ја поддржаа легализацијата на канабисот. Тие во кампањата на „Билка“ преку видео пораки читаат факти за растението, а порачаа и дека се за целосна легализација на канабисот.

 

Со оглед на тоа што марихуаната во Македонија е легална за медицински цели, останува прашањето дали со оваа кампања се отвора можноста за нејзина декриминализација и за рекреативни цели.

Владиниот портпарол, Миле Бошњаковски за Курир вели дека владата следејќи го принципот на слобода на говор и отворена дебата секогаш ќе ја охрабрува јавноста и граѓанските организации да отвораат дебати за сите прашања кои се од интерес на граѓаните на земјава и очекува, како и оти очекува а нив да се разговара без предрасуди, базирано на факти како и врз основа на јасни индикатори. Потенцира дека овој став важи и за кампањат на „Билка“.

Курир праша и дали може да очекува во иднина предлог за целосна декриминализација на канабисот, како за медицински, така и за рекреативни цели?

-Владата на РМ секогаш ќе ги носи своите одлуки врз база на презентирани аргументи и ќе се води од приоритетите и интересите на граѓаните, вели Бошњаковски за Курир.​

Канабисот за медицински цели во Македонија беше легализиран во 2016. година, а со тоа нашата земја стана 14. држава во Европа која ја легализираше марихуаната по Чешка, Финска, Романија, Италија, Шпанија, Холандија, Франција, Австрија, Португалија, Германија, Велика Британија, Словенија и Хрватска.

Сепак, канабисот не може да се користи за самолекување, туку со медицинска препорака и тој не може да биде замена за медицинска терапија.

 

Коронавирус