понеделник, 1. јуни 2020. Вести денес: 4
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Вести

Дали му ги носел 100-те илјади евра: Еве како Заев му нудеше мито на Вартоломеј (ВИДЕО)

Зоран Заев пред половина година несакајќи беше фатен од руски пранкери како договара мито од 100 илјади евра за Вселенскиот патријарх Вартоломеј. Токму вчера беше остварена и средба помеѓу нив двајца, иако Заев ја добил додека бил премиер, а ја реализира откако не е веќе прв човек на Владата. Па од тука и прашањето- во кое својство тој отиде во Истанбул во седиштето на Цариградската патријаршија?
Дали му ги носел 100-те илјади евра: Еве како Заев му нудеше мито на Вартоломеј (ВИДЕО)

Техничкиот премиер Оливер Спасовски, заедно со претседателот на СДСМ, Зоран Заев и директорот на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи, Даријан Сотировски, вчера во Истанбул во седиштето на Цариградската патријаршија се сретна со Вселенскиот Патријарх г.г. Вартоломеј.

За потсетување, истиот оној патријарх кого Заев сакаше да го поткупи со мито од 100.000 евра.

Средбата, според владината прес-служба, била на покана од вселенскиот патријарх што Заев ја добил додека бил премиер, па од тука и вчера се поставуваше прашањето, зошто е таму Заев, кога на 3 јануари оваа година си поднесе оставка и повеќе не е премиер. Тој во моментов е претседател на СДСМ, а по логика на нештата неговото присуство во Цариградската патријаршија е непотретно и помалку нелогично.

И од ВМРО-ДПМНЕ вчера со реакција.

„Страховладата“ на СДСМ целосно се потчинува на Зоран Заев и се однесува како воопшто да нема техничка влада и технички премиер за спроведување на фер и демократски изборен процес. Владата и лично Оливер Спасовски мора да одговорат, во кое својство Оливер Спасовски го однесе партискиот лидер Зоран Заев на средба со Вселенскиот Патријарх г.г.Вартоломеј, во седиштето на Цариградската патријаршија во Истанбул? Поканата од Вселенскиот патријарх се однесува на премиерот како политичка функција, а не лично до Зоран Заев. Оттука Оливер Спасовски мора да одговори кој раководи со владата, тој или Зоран Заев? Владата пак мора да одговори, зошто во владините соопштенија се наведува Зоран Заев, односно во која функција Заев е дел од владина делегација, истакна Наум Стоилковски, портпарол на партијата и побара Владата да одговори кој ги сноси трошоците за посетата на Заев во Истанбул.

-Заев и Спасовски истовремено мора да одговорат, дали за време на посетата Зоран Заев ја повторил својата понуда за мито за Вселенскиот патријарх, која што ја дискутираше со лажниот Порошенко по телефон. За потсетување, Заев на лажниот Порошенко во телефонски разговор е снимен како вели дека е подготвен да му плaти на патријархот Вартоломеј 100.000 евра во кeш! Прашањето на коешто сега Заев и Спасовки мора да одговорат е дали му кажале на Вартоломеј за овој разговор, и кој е ставот на Вселенскиот патријарх за намерата на Заев да даде мито од 100 до 150 илјади евра за да Вартоломеј го покрене процесот за афтокефалност на МПЦ, праша портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ.

Во продолжение аудио снимката од телефонски разговор во која Заев мисли дека разговара со пopaнeшниот претседател на Украина Петро Порошенко, во кој Заев договара мито за Вартоломеј.

Заев прашува: Која е новата информација? Има ли некоја надеж за нас во врска со патријархот?

Рускиот комедијант, за кој Заев мисли дека е Порошенко, му вели дека има голема надеж.

-Денес, јас зборував со патријархот, зборувавме за сите работи што сме ги правеле заедно исто така го прашав за вашиот случај. И тој кажа дека можеме да ја започнеме процедурата. Па така, ја имам неговата согласност. Тој потврди дека тој може да почне, вели комедијантот.

Заев вели дека тоа е многу добро и човекот со кој разговара го нарекува “пријателе“.

-Јас исто така. Премиерот на Грција, Алексис, ми кажа дека има нешто позитивно, но веројатно треба да започнеме со некаква иницијатива, што треба да направиме?-прашува Заев.

Од комедијантот добива одговор:

„Најпрво, најверојатно го знаете специјалниот амбасадор од Стејт Департментот, Браунбег, тој работи на религиски проблеми, тој ни помогна нас да излеземе од автокефалноста и тој работи со Вартоломеј, и така да мислам дека прво треба да работиме заедно. Што премиерот Алексис ви кажа“?

-Ми кажа дека исто така патријархот е подготвен да направи чекор во врска со нас, но најверојатно ќе треба да започнеме процедура пред нив, Не знам дали од грчка или бугарска црква тука, како регионална црква поврзана со нас, со која имаме добри врски, за да имаме некои аргументи заради процедурата. И тој ќе води до позитивна одлука, како кај Украинската црква, вели Заев.

Комедијантот се нуди да помогне, но тука следува најважниот дел од договорот.

-Јас ќе можам да играм голема улога за да ви дадат автокефалност, заради тоа што имам искуство, но треба да ви кажам дека еден од условите, во мојот случај, тоа што јас го направив е дека јас му дадов донација, лично на патријархот Вартоломеј, му дадов мала донација, околу 100.000 евра, јас мислам дека е тоа еден од условите кој може да ви помогне, вели тој.

Заев со воодушевување во гласот одговара:

„Дааа, тоа е, тоа е многу добро. Нема проблем, тоа е многу нормално. Ќе има донација, во кеш нормално. Ќе го направиме тоа зошто ни треба поддршка, поврзана со нас, секако, ќе го направиме тоа!“

Коронавирус