петок, 27. ноември 2020. Вести денес: 45
home Вести

Дали Министерот за дијаспора намерно го саботира изборот на наставник по Македонски јазик во Швајцарија?

Дали Министерот за дијаспора намерно го саботира изборот на наставник по Македонски јазик во Швајцарија?

До редакцијата на брегалнички.мк пристигна писмо со јавен апел до сите надлежни институции во Македонија за надминување на проблемот кој се појави во Швајцарија поврзан со немањето на наставник по Македонски јазик за пет паралелки кои учеа на Македонски мајчин јазик во францускиот кантон на оваа федерација.

Проблемот се состои од технички проблеми во изборот на нов наставник кој ќе предава на учениците по Македонски јазик. Имено по завршувањето на работниот ангажман на дотогашниот наставник по Македонски јазик, во јуни месец 2019 година бил спроведен конкурс за избор на нов наставник, но по направената анализа во врска со трошоците за изведување на таква настава, наставникот бил повлечен. И од тогаш до ден денес по цели 5-6 месеци резултатот од оваа неажурност и навидум техничко прашање е неизведување на настава по Македонски јазик за децата во Швајцарија.

Решението на овој проблем е повеќе од едноставно, па во јавноста циркулираат сомнежи дека ваквиот развој на настаните е направен смислено од страна надлежните кои иако се заложиле за решавање на проблемот се уште нема никаква информација или исход за продлжување на наставата на Македонски јазик за дечињата.

Во продолжение во целост го пренесуваме Јавниот апел до надлежните институции упатен од страна на Унијаѕс на Македонски училишта од Француско говорно подрачје во Швајцарија:

“Родителите на пет паралелки на Македонски мајчин јазик од француското говорно подрачје на Швајцарската Конфедерација изразуваат загриженост за моменталната состојба во која се наоѓаат учениците на дополнителната настава.

Имено, после завршувањето на мандатот на досегашната наставничка по македонски јазик во месец јуни2019, објавен бил конкурс за нов наставник каде избрана била нова наставничка од Република Македонија.

Не анализирајќи ги детално условите за тоа работно место кои не покривале патни трошоци, трошоци за стан , дополнителнo земајќи ја во обзир ниската плата за Швајцарскиот стандард, таа ново назначена наставничка се откажала во последен момент каде што учениците се најдоа без наставник од септември 2019 година.

Во меѓувреме , стручниот тим на унијата на Македонски училишта во Швајцарија , го истакна своето незадоволство и револт спрема надлежните институции и Министерството за образование, на сегашниот министер без ресор/ надлежен за дијаспората Г.Адеми и директорот на Агенцијата за иселеништво Г.Шалваринов на 25 ти септември 2019 на состанокот, за време на нивната посета на Македонските друштва, клубови и асоцијации низ Швајцарија.По увидувањето на реалниот проблем Г. Адеми и Г. Шалваринов ветија брзо решавање на случајот и нова номинација на наставник преку нов конкурс и веднаш потоа отпочнување со настава.

Но ништо од тоа , се приближува крајот на Јануари 2020 а учениците сеуште немаат настава. Родителите не добиваат ни официјални информации од резултатот на конкурсот и новоназначената наставничка.Никаков одговор од Министерот за образование Г. Адеми, како и никаков абер од Министерот за Дијаспора” другиот” Г. Адеми.

Унија на Македонски училишта од Француско говорно подрачје во Швајцарија Апелираме до Министерот на МОН, Г.Адеми и министерот без ресор Г.Адеми”другиот” да се произнесат и да не информираат, преку нивните кабинети или преку Агенцијата за иселеништво, до кој степен е стигнат случајот со наставничката и да дадат точен датум за отпочнување на наставата.

Овој проблем е доказ и еден од многу бројните проблеми со кои се соочуваме ние иселениците каде нашите права се загрозени од самите наши институции. Македонците од светот се дел од Макесонскиот народ. Ние, каде и да сме, треба да работиме за подобра иднина на нашата татковина Македонија. Одземувајќи ни го правото на изучување на нашиот мајчин Македонски јазик, вие ни одземате едно од основните човекови права.

Бараме надлежните институции да си ја вршат работата одговорно и да се забрза процесот што би довело до брзо отпочнување со настава. Време е некој да ја превземи одговорноста.

Во исчекување дека нашиот крик ќе стигне до вистинските луѓе, примете ги нашите срдечни поздрави.

Унија на Македонски училишта од Француското говорно подрачје на Швајцарија

Претседател: Зоран Панделиев

Секретар: Маја Илова”

ИЗВОР: Брегалнички.мк

Коронавирус