недела, 17. ноември 2019. Вести денес: 69
home Вести

Дали љуботенскиот тутун ги загрозува милионите на Оливер, Муки и Џевахир Харачина!?

Дали љуботенскиот тутун ги загрозува милионите на Оливер, Муки и Џевахир Харачина!?

Тоа што вчера се спроведе како акција на финансиска полиција во скопското село Љуботен, всушност, беше специјална акција на специјалните полициски единици на Оливер Спасовски и неговиот јатак Мухамед Зеќири, за да го спречат производството и пласманот на пазарот на домашниот тутун со цел да си се осигураат дека милионите од шверцуваниот тутун од увоз, да продолжат да се влеваат во нивните сметки, пишува порталот на албански јазик „Топшќип“.

Добрите познавачи на овие околности, а особено на оваа ситуација, велат дека оваа акција имала за цел даспречи било каква конкуренција на „увезениот тутун“ од Стара Загора, Пловдив и Грција од страна на Џевахир Харачина кој работи лично за Оливер и Муки. Расипувањето на математиките на високите функционери на СДСМ резултираше со приведување и малтретирање на десетици албански граѓани и конфискување стока кој е нивен извор на егзистенција, во која тие во текот на целата година инвестирале труд и пот со своите семејства.

Сите оправдувања на финансиската полиција дека бил оштет државниот буџет се залудни, бидејќи главната причина за овој случај останува во целосна тајност, и им овозможува збогатување на само неколку поединци како Оливер, Муки и Џевахир, кои профитираат милиони евра од бизнисот со тутун во земјата и во регионот.