сабота, 28. март 2020. Вести денес: 21
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Вести

Дали Костадинов со потопна пумпа сака да си го загарантира пратеничкото место?

Дали Костадинов со потопна пумпа сака да си го загарантира пратеничкото место?

-Ние не сме пратеници, ниту имаме државни плати, ниту сме деца на функционери. Со сопствен и скромен фонд можеме да направиме симболична промена и да ја потсетиме власта на грешките – основна задача на здравиот младински активизам, се вели во објавата на социјалните мрежи од страна на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ од Струмица.

Тие го прашаа денеска пратеникот и портпарол на СДСМ, Костадин Костадинов, до каде се сите ветени проекти за млади, и дали тој со смешниот потег за купување на потопна пумпа ќе ги реши проблемите на младите во Струмица? Тие велат дека ова е можеби најголемиот проект на оваа неспособна власт во изминатиов период и ако веќе е така треба да се набават и потопни пумпи за во Банско, за во Турското маало и за во Просениково.

По неговиот повик на социјалните мрежи за младински активизам тие денеска засадија дрвца и цвеќиња на место каде што сметаат дека има потреба од посериозна инвестиција од страна на локалната власт.

-Младите сакаат реални проекти, сакаат работа и посветеност, а не празни ветувања. УМС уште еднаш покажа дека е секогаш е тука за доброто на Струмица и младите. Денеска засадивме дрвца и го означивме местото за кое што сметаме дека има потреба од посериозна инвестиција, велат од УМС Струмица.