сабота, 19. септември 2020. Вести денес: 95
home Вести

ДАЛИ КЛУЧОТ ЗА НОВА ВЛАДА Е СЕПАК КАЈ ДУИ?! Зошто Заев не може да биде премиер

ДАЛИ КЛУЧОТ ЗА НОВА ВЛАДА Е СЕПАК КАЈ ДУИ?! Зошто Заев не може да биде премиер

Преговорите за собирање 61 пратенички потпис после што се добива мандат од претседателот на државата, и формирање влада, се во тек. Никој не е фаворит во оваа фаза. Кога ќе се погледнат настаните очигледно е дека клучот за нова влада е, сепак, кај ДУИ бидејќи без нивните 15 пратеници тешко дека влада може да состави СДСМ или ВМРО ДПМНЕ, објавува Вечер.

Купување пратеници

СДСМ и нивниот претседател Зоран Заев и јавно покажаа намера за купување пратеници од ДУИ и коалицијата на ВМРО ДПМНЕ за да состават влада без ДУИ. Според Заев, тоа биле поединци кои сакале „да бидат на страна на евроинтеграциите и изградбата правна држава“ што Заев себеси си го припишува како свој личен ексклузивитет.

Преминот, купопродажбата на пратеници, веднаш по изборите го урива демократскиот систем и искажаната воља на граѓаните на изборите, и самите избори ги прави бесмислени. Пратениците преминуваат на другата политичка страна, особено веднаш по избори, за пари и привилегии а тоа може да го понуди само оној кој за време на владеењето собрал доволно пари во црните фондови за таа намена и има пракса во тие пазари и трговии.

Цивил медиа, невладина организација со портал која на избори се претставува како „неутрален набљудувач“ а помеѓу изборите се хардкор пропагандисти на СДСМ, го поттикнува овој процес со образложение дека некои пратеници на ДУИ и ВМРО ДПМНЕ не сакаат да бидат на “губитничката страна“ па доброволно ќе преминеле во СДСМ. Тоа значи дека нема потреба од опозиција, во таков случај сите нека преминат кај СДСМ и – работата е завршена. Но, кој во Цивил медиа пред време тврди дека СДСМ е “добитната страна“ во време сред преговори кога и СДСМ и ВМРО ДПМНЕ имаат по 46 пратеници зад себе.

По видното купување гласови на овие избори, купувањето на пратеници после такви избори до темел го урива општеството и шансата за нормална политика и европски стандради во Македонија. Кој освен политичката мафија има интерес влада да се создава со трговија а не со политика?

Веќе е познато дека петмина пратеници на ВМРО ДПМНЕ и ДУИ со посредници добиле финансиски понуди да гласаат за влада на СДСМ но, сите петмина понудата ја одбиле. Како што е познато и дека Беса и Алтернатива не сакаат да бидат заедно со ДУИ во било кое владеачко мнозинство.

Дали е можно пратеници од ДУИ или коалицијата на ВМРО ДПМНЕ, во оваа фаза, да прифатат трговија и преминат во гласачкиот камп на СДСМ и Беса? Тоа е многу малку веројатно, реечиси исклучено. Пред се затоа што нема јасна причина за тоа, а СДСМ и да состави влада таа ќе трае најмногу година дена до следните избори после што политичката кариера на пребеганите пратеници е практично завршена. Кај ДУИ тие работи со предавствата ги решаваат и прилично грубо. Најпосле, искуството со осумте пребегани пратеници од минатиот состав на ВМРО ДПМНЕ покажа дека корист од тоа имаше само Крсто Мукоски, другите останаа со куси ракави и со завршени кариери.

Зошто СДСМ повеќе сака да купи пратеници од ДУИ отколку да се договори со Али Ахмети за владеачка коалиција? Поефтино им е, тоа е еднократна исплата, а потоа тендерите се само нивни, без ДУИ. И, уште поважно, СДСМ бара албански гласови за да ја надомести разликата која ја има ВМРО ДПМНЕ пред нив кај Македонците и другите неалбански етнички заедници, а ДУИ има најмногу албански гласови и од нив СДСМ може најмногу да земе ако ги остави во опозиција.

Што најавуваат Заев и Мицкоски

Ако отпадне варијантата со купување пратеници против која се и битните амбасадори на ЕУ затоа што тоа е корупција на севкупниот демократски ситем а преговори за влез во ЕУ не може да води влада која купува пратеници после избори, останува другата опција: преговори.

СДСМ во преговорите не може да понуди економски резултати и проекти затоа што ниту една влада на СДСМ, па и последната на Заев, никогаш немала позитивни економски реузултати, секое нивно ветување е демантирано од праксата. Тие ги имаат под контрола обвинителството, судството, медиумите и невладиниот сектор и со тоа го одржуваат своето владеење и влијание. Но, барем четвртина од судскиот и обвинителски систем е со луѓе од ДУИ па понатамошната злоупотреба на судството од страна на Заев, без контрола врз судии и обвинители блиски до ДУИ, за СДСМ е тешко изводлива. Затоа, Заев се заканува со прогон на судии и обвинители со јасна порака на кого тоа се однеува затоа што, досега, судиите и обвинителите беа крајно сервилни и исполнителни за неговите потреби и тој нема причина да биде генерално незадоволен од нив.

Најавата за околу 30.000 откази во јавната администрација која Заев ја даде деновиве дополнително го загрозува економскиот и социјален амбиент во државава. Со исполнување на оваа закана невработеноста се подига за нови 4-5%, дополнително со корона кризата и другите социјални последици врз семејствата на оние кои ќе добијат отказ.

ВМРО ДПМНЕ акцент става на економската програма, поголеми плати и пензии, инвестиции и вработувања. ВМРО ДПМНЕ не најавува масовни откази како ни прогон на судии и обвинители туку програма за испитување на работата на сите функционери и утврдување потекло на имот, што не е селективно како кај најавите на СДСМ туку опфаќа процес за секој функционер во јавниот сектор.

Предност на ВМРО ДПМНЕ е што нивната економска понуда и потенцијал се на врвот на приоритетите на граѓаните, нема заплашувања и прогони, а треба да ја спроведе кадар кој не е оптеретен со хипотеки за криминал и скандали за корупција.

Кој е побилиску до нова влада

Се чини дека, засега, шансите за состав на нова влада – се изедначени. Веќе наредната недела ќе биде појасно чии аргументи ќе надвладеат: дали СДСМ ќе купи пратеници за состав на влада, или ВМРО ДПМНЕ ќе ги убеди ДУИ дека со нив ќе се спроведат економските процеси, реформи на судството и потекло на имот кај функционерите, а ДУИ ќе го сочува своето гласачко тело.

Се уште равноправна е опцијата и за широка влада

Пропагандистите на СДСМ ги оценуваат ДУИ како хронични криминлаци кога Али Ахмети преговара со Мицкоски, но како традиционлани и пожелни партнери кога Ахмети преговара со Заев. Тие двојни стандарди не остануваат незебележани во јавноста, но и кај функционерите на ДУИ кои ваквите напади ги примаат како навреда.

ДУИ е во комотна позиција за преговори затоа што од нивните 15 пратеници зависи идната власт, и се чини имаат по тврд став кога се преговара со СДСМ отколку со ВМРО ДПМНЕ. Во ДУИ повеќето се за коалиција со Мицкоски, од причини што од него немаат закана за своето гласачко тело, немаат навреди и немаат трауматични искуства со злоупотреба на телефонските разговори од функционери на ДУИ а, освен тоа, влада со Мицкоски би траела подолго од онаа со СДСМ пред се затоа што би имала подобри економски резултати.

Во СДСМ го знаат ова, се обидуваат преку кланот на Теута Арифи да го притискаат Али Ахмети за коалиција со СДСМ но, два пати на ист камен Али Ахмети нема намера да се сопне. Освен ова, Теута Арифи има лоши резултати и корупција како градоначалник на Тетово и нејзиниот авторитет е во опаѓање.

Најпосле, претседателот на државата, Стево Пендаровски, во два наврати изјави дека во новата влада не треба да има лица кои се оптеретени со скандали за корупција а тоа директно го елиминира Зоран Заев од позиција премеир, па и од министер за финансиии што тој го посакува како алтернатива во некоја широка влада. Ова создава проблеми внатре во СДСМ каде скопското крило и интелектуалниот дел му дава отпор на Заев во неговото лидерство бидејќи тој станува камен околу вратот за иднината на партијата.

Македонија никогаш немала по комплицирана задача за составување на нова влада, а ние и на поедноставни задачи сме се сопнувале и грешеле. Дали, токму затоа, и во оваа прилика ќе пресудат дипломатите од страна?

Коронавирус