понеделник, 23. ноември 2020. Вести денес: 136
home Вести

Дали ќе се стави клуч на училиштата во ноември?

Дали ќе се стави клуч на училиштата во ноември?

Вратите на училиштата ширум државата се отворија пред само 20-тина дена, а веќе има шпекулации дека се најавува затворање на истите. Според информациите, се очекува ова да се случи во месец ноември бидејќи како што кружат гласините причина е се поголемиот број на новозаразени од коронавирус.

Учебната година започна со еден месец закаснување, а според протоколите од Министерството за образование и наука наставата од 1 до 3 одделение се одвива со физичко присуство, додека за погорните одделенија со онлајн настава. Имено, од информациите со кои располагаме веќе голем број на основни училиште од прво до трето одделение на своите ученици им ги поделиле корисничките имиња и лозинки за следење на онлајн настава, бидејќи можно е училиштата до ноември да се затворат.

Уште на самиот старт од учебната година родителите и учениците се соочија со одредени проблеми, па ако се гледа почетокот се појасно е каков ќе биде крајот на годината. И покрај изјавите на министерката Мила Царовска дека онлајн наставата 88 проценти успешно се спроведува, сепак натписите по порталите го тврдат спротивното.

Загриженоста на родителите дополнително расте бидејќи стравуваат за своите деца кои немаат услови за онлајн настава дали успешно ќе ја завршат учебната година, додека од друга страна пак ниту МОН ниту Царовска не кажува што ќе биде со децата кои не одржувале ниту онлајн настава, ниту пак следеле настава со физичко присуство.

Има голем број на училишта кои што веќе подолг период ја бојкотираат онлајн наставата, додека пак во Шуто Оризари онлајн настава воопшто не се спроведува бидејќи според проценката околу 1000 основци немаат услови за истата.

Ниту периодот од 7 месеци на владата и МОН не им беа доволни за да обезбедат соодветни услови за следење на наставата со физичко присуство, а и покрај тоа што учебната година започна со еден месец закаснување, на наставниците во основните училишта не им се направи масовен скрининг по што последиците од несериозноста на Царовска и власта резултираше со се повеќе новозаразени наставници и деца од коронавирус.

Се поочигледно е дека со ваквите решенија од страна на владата и Царовска не се обезбедува добар образовниот процес, а од ова последиците ќе излезат подоцна и ќе бидат долготрајни бидејќи не се создаваат кадри кои подоцна би биле конкуренти на пазарот на трудот.

Коронавирус