петок, 5. март 2021. Вести денес: 101
home Вести

Дали главно политичко оружје на СДСМ и Заев се лажните вести? (ФОТО)

Дали главно политичко оружје на СДСМ и Заев се лажните вести? (ФОТО)

Дали главна одлика на владеењето на СДСМ е ширењето лажни вести? Дали основен темел на владеењето на СДСМ се лажните вести? Дали СДСМ прави дефокус и ја прикрива сопствената неспособност преку лажни вести? Дали СДСМ е креатор на лажните вести во нашето општесвто? Дали СДСМ е фабрика за пласирање на лажни вести? 

Најголемата и најмонструозна лажна вест е токму од премиерот Зоран Заев за случајот „Монструм“  за што потврда јавноста доби и од обвинителката Фатиме Фетаи и тоа во суд. Неколку од многуте лажни вести кои изминативе пет години ги шири СДСМ се за новинарот МладеновНешковски, Диво насеље, двојазичноста, името, Уставот , датум за ЕУ итн.

 „Монструм“- лажна вест!

Премиерот Зоран Заев  за случајот монструм во кампањата во периодот кога беше опозиционер  во неколку наврати даде изјави за некаква поинаква вистина околу случајот „Монструм“.  Поради таквите изјави во јавноста се отвори сомнеж и повторно се отвори целосна постапка во судскиот процес. За пред неколку дена самата јавна обвинителка Фатиме Фетаи да даде изјава во суд дека иако Заев најавуваше, сепак „бомбите“ не открија друга вистина за „Монструм“.

Обвинителката Фатиме Фетаи, во завршниот збор за случајот „Монструм“, распослан на 70 страници, се осврна и на прислушуваните разговори, поради кои СЈО ја доби надлежноста врз случајот, потенцирајќи дека истите не открија нова или поинаква вистина за петкратното убиство.

„Од прислушуваните материјали не произлегоа битни факти. Нужноста истите да бидат презентирани беше потребата за трагање по вистината, но и отфрлање на сите сомнежи кои се појавија низ годините“,  истакна Фетаи.

Со ваквата изјава Заев свесно или несвесно го злоупотребил “Монструм”, ја злоупотребил болката на родителите на убиените момчиња кај Смилковско, намерно или ненамерно ја манипулирал јавноста за да шири меѓуверска омраза и гнев, смислено или несмислено пласирал лажни вести за политички нарачатели на егзекуцијата.

И датум за ЕУ со иста судбија

На враќање од Виена пред околу две години Заев во авион, со Османи, Димитров и Анѓушев,  објави фотографија со која нагласи дека ја дочекал веста за датумот за почеток на преговори со ЕУ.

„Во авион штотуку примив одлична вест… Република Македонија доби датум за старт на преговори за членство во ЕУ! Советот на министри за надворешни работи на земјите членки на ЕУ, на денешната седница донесе одлука од јуни 2019 г. да започнат преговорите за членство на Република Македонија во ЕУ. Сега граѓаните на Република Македонија можат да кажат силно и слободно – Да, за Европска Македонија!“, напиша македонскиот премиер Зоран Заев на својот фејсбук профил.

Во неколу наврати неколку високи функционери од СДСМ истакнуваа дека Македонија добила датум за почеток на преговори со ЕУ.

По бугарското вето за Македонија стана јасно дека датум за почеток на преговори за членство во Македонија нема и дека во неколку наврати се ширеле лажни вести од македонските функционери  на истата тема.

Името немаше да го менува

Во неколку наврати во своите медиумски изјави и гостувања премиерот Зоран Заев додека беше опозиционер тврдеше и ја убедуваше јавноста дека  нема да има промена на уставното име.

Во гостување на ТВ Телма претседателот на СДСМ Зоран Заев во предизборна кампања 2016 година тврди дека нема да има промена на уставното име на Македонија.

„Нема промена на уставното име и нема промена на нашиот идентитет, на нашата национална посебност. За сѐ друго сме подготвени да разговараме и верувам дека со интензивна дипломатска активност можеме да најдеме решение на овој проблем. За разлика од досегашната власт, која преговараше за „Горна“, за „Долна“ Македонија, лицитираше со Македонија… ние ќе одиме со транспарентен процес. Никој не може во Македонија, мислам дека се нема ни родено таков човек што би дозволил промена на Уставот и промена на нашиот идентитет“, рече Заев.

Во ТВ дебата на Топ Тема на 8 декември, 2016 година Заев ијави дека СДСМ цврсто ќе стои на црвените линии – нема промена на име, устав и идентитет.

Треба да биде јасно и постојано да се потенцира. СДСМ ќе ги одржува црвените линии за Република Македонија и тоа значи дека нема промена на уставното име, идентитетот и самиот Устав “, рече Заев.

Коронавирус