сабота, 5. декември 2020. Вести денес: 0
home Вести

Дали е случајно бегството на Красниќи пред избори, а со него и Рамадани, од затворот во Штип?!

Дали е случајно бегството на Красниќи пред избори, а со него и Рамадани, од затворот во Штип?!

Директорот на затвор Штип Мики Тодоров  попладнево изјави дека Красниќи и Рамадани во понеделникот не се јавиле во затворот во Штип по викенд отсуството, а согласно Законот по поминати 48 часа ги известиле Управата за извршување на санкции, судот и полицијата.

– Двете лица од септември 2017 година користат редовно викенд отсуство, годишен одмор и имаат слободни 7 часа прошетка низ градот. Досега редовно се имаат враќано и немавме никакви индиции, односно немавме никакви сомневања дека по ова викенд отсуство нема да се вратат, вели Тодоров.

Красниќи и Рамадани се дел од познатата „Кондовска група“ на кои им е судено за сторени кривични дела „злосторничко здружување“, „киднапирање“ и „рекет“. Красниќи и Рамадани имале казна затвор од по 15 години, а досега и двајцата имаат отслужено вкупно 12 години, а за доизвршување на казната затвор им остануваат уште три години.

Но во оваие формални реченици не се содржани сите детали зошто се осудени Агим Красниќи и неговата група од Кондово. Агим Красниќи и групата со години, пред апсењето, се политички активни на избори како соработници на ДПА, коалициониот партнер на СДСМ, меѓу албанското население во Кондово и Сарај, но и во Арачиново и кумановскиот крај. Агим Красниќи важи за поддржувач на ДПА, а токму сега по две години хибернација шефот на ДПА Мендух Тачи најави колација со СДСМ.

Красниќи е гонет за такви дела уште од 2007 година кога Агим Красниќи избегал, баранбе по потерница а потоа сам се пријавил. Кондовската група беше обвинета дека се заканувала со терористички акции, вежбале пукање од топ, а тоа било снимено на лентата на протераната албанска новинарка Рејмонда Малечка. Албанските државјани Бујар и Рејмонда Малечка одлежаа една година затвор за снимките кои што ги направија со дружината на Агим Красниќи. Обвинителството го обвини Красниќи дека тој и неговата дружина на 2 април подготвувале терористички активности. Вооружени и униформирани тие копале ровови во Кондово. Пред камерата на албанската новинарка изведувале воени вежби, стрелале и демонстрирале пукање со топ. Истиот ден, кај Гостивар, полицијата ги уапсила Рајмонда и Бујар Малечка и ги заплени лентата и фотографиите од вежбата на Красниќи и неговата група.

На судењето неговиот адвокат Владо Пешликовски на 16 февруари 2007 ги побиваше видео доказите бидејќи не можат да бидат докази затоа што се објавени како новинарски прилог. Амнести интернешнал во 2006 година во политички процеси го вброи судењето против кондовецот Красниќи кој беше осуден на годинаипол затвор заради киднапирање.

Во Македонија на 1 јуни 2018 година се одржаа избори. Лидерот ан ДПА Мендух Тачи пред изборите изјави дека може да се очекуваат немири, “касапана“ како што изјави тој. Се случија низа насилства и едно убиено лице во Арачиново, а главен предводник на “логистиката“ на ДПА беше токму Агим Красниќи. По овие крвави настани Мендух Тачи најави оставка од ДПА со образложение дека “дојдено е време за нови лица, ние транзиционите политичари треба да замнеме…“. Оставка не даде, но беше исфрлен од владата и Груевски по овие настани ја започна коалицијата со ДУИ. Заради насилствата на избори беа осудени повеќе лица, меѓу кои и Агим Красниќи.

Трендот на ослободување на сторители на тежок криминал од власта на Зоран Заев, или чудни бегства од затвор на битни луѓе од албанското подземје не е само од денес, со бегствата на Агим Красниќи и Рамадани. Ослободени се Бајруш Сејдиу, Зхир Беќири Чауш, извршителот на вооружен грабеж во Прокредит Банка во 2009-та година Флорим Малоку кој и јавно преку Фејсбук му се заблагодари на Зоран Заев, Фарук Ајдини, кој беше уапсен во полициската акција „Диригент“ во која беа опфатени лица на озлогласената група „Франкфурт мафија“ и десетина други од овој тип осудени се слика на слобода со функционери на СДСМ и тоа се објавува на Фејсбук. Да не спомнуваме за заедничките фотографии на функционери на СДСМ со безмалку целото подземје од Грчец, Чаир и Арачиново.

Бегтвото на Агим Красниќи и Рамадани од затворот во Штип секако не е случајно. Дека е миленик на власта на Заев дополнително говори и фактот што слободните викенди му се дозволени од 2017-та, веднаш по стапувањето на Зоран Заев на власт. Од еден таков, слободен викенд, Агим Красниќи не се врати назад во затворот. Не е неочекувано да го видиме како “логистика“ на наредните парламентарни избори.

Задолжени за затворениите се директорите на затворите и Министерството за правда. Покрај толку бегства, вклучително и на Игор Спасов, убиецот на Мартин Нешковски, се уште нема збор за одговорност во Министерството за правда. Да се потсетиме, СДСМ турка смена на претседателот на Врховен суд Јово Вангловски затоа што со задоцнета судска одлука овозможиле бегство на Сеад Кочан. Сеад Кочан сам се врати во Македонија, и сега е во затвор. Избеганите и пуштени од власта на Зоран Заев не се тука, а одговорност – нема.

 

извор: vecer.mk

Коронавирус