вторник, 24. ноември 2020. Вести денес: 0
home Вести

Дали А.Д. МЕПСО го крши законот за градење?

Дали А.Д. МЕПСО го крши законот за градење?

Почна Новата 2020 година. Нова деценија. Велат нова книга со 365 празни листови, која ќе сме си ја испишеле сами. Не знам колку од нас зависи во Севернава што ќе ни се случува, но знам дека од нас зависи нејзината обнова. Но, за тоа во друга прилика.

Иако не сакам да читам црна хроника, бидејќи доволно црнила ни прави Владата на СДСМ, погледот ми го привлече еден наслов во кој беше спомната компанијата  АД  МЕПСО. Бидејќи сум електроинженер морав да видам зошто МЕПСО стои во црна хроника, во која се вели:

“СВР Штип поднесе кривична пријава против В.П.(55) од Р.Албанија, овластено лице во фирма од Албанија со седиште во Скопје, против Б.А.(33) од Скопје, вработен во Државен пазарен инспекторат Скопје и Н.Ф.(66) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторени две кривични дела „тешки дела против општата сигурност“ и против правниот субјект, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност“. В.П. во 2017 и 2018 година потпишал договор со АД МЕПСО за реконструкција на 110КV далековод, а со градежни активности започнале на почетокот од мај 2019 година. В.П., исто така, во име на правното лице склучил усмен договор со Б.А., за демонтирање на бетонски столбови од трасата на далеководот, а потоа Б.А. преку усмен договор ангажирал негови работници, помеѓу кои и Н.Ф. На 01.09.2019 помеѓу селата Горно Трогерци и Горни Балван, општина Карбинци, Б.А. и Н.Ф., при сечење на арматурното железо со оксиген, од искрите предизвикале пожар, во кој биле опожарени 70 хектари земјиште, 55 хектари сува трева, ожнеани ниви и нискостеблести растенија, земјиште сопственост на Р.С. Македонија и комплетно биле уништени 15 хектари на насади со вишни, цреши и ореви сопственост на физичко лице од општина Пробиштип. На тој начин тие предизвикале материјална штета од 21.269.755 денари.” – Билтен на МВР од 02.01.2020 година.

Ова значи дека МЕПСО ангажирала фирма од Албанија да реконструира далекувод, која пак усно направила договор со вработен во Државен пазарен инспекторат, кој усно ангажирала работници ( се тоа УСНО! ) кои предизвикале пожар. Од кога вработени во Државниот пазарен инспекторат работат и ангажираат луѓе да работат на далекуводни столбови од круцијална важност за Македонија?!!?!?! Пожарот кој го предизвикале овие усно ангажирани работници заедно со вработениот во Државен пазарен инспекторат направил огромна штета во висина од повеќе од 21 милион денари! Некој наш сограѓанин од Пробиштип изгубил 15 хектари насади со вишни, цреши и ореви во кои вложил не само пари, туку и пот и време!

Години ќе му требаат да ја надомести штетата!

Бидејќи бев запрепастен од штетата која е предизвикана поради реконструкција на еден столб на МЕПСО (да, само еден), решив да го разгледам Законот за градење каде се опфатени и реконструкции од ваков вид. Таму се дефинирани сите аспекти од сите фази на градење и реконструкција.

И како и што мислев, во  Република Македонија постои  Закон за градење кој ако се почитува, вакви трагедии не би требало да се случат.Сега се поставува прашањето, дали раководните лица во АД Мепсо го знаат  Законот за градење и  дали воопшто се грижат за исполнување на одредбите од истиот?!

Еве на пример дали знаат дека Член 5 од Законот обврзува преземање мерки за заштита од пожар, додека пак Член 6 е за заштита на животна средина? Има уште многу други  членови од Законот поврзани со настанов, но ако основниве не биле запазени, друго не е потребно ни да се спомнува.

Читајќи го Законот се поставува логичното прашање, дали инвеститорот, ( АД МЕПСО) ги предало овластувањата за градење и реконструкција на соодветна компанија која освен што треба да поседува соодветни лиценци, треба да има и соодветен кадар?! Или ова е тендер кој треба други надлежни институции во државата  да го проверат?

На веб страната на МЕПСО е објаснета дејноста на компанијата:

“А.Д. МЕПСО е компанија во целосна државна сопственост, која е формирана во 2005 година со трансформацијата на Електростопанство на Македонија. Основна дејност на МЕПСО е непречен пренос на електричната енергија низ високонапонската мрежа, управување со електроенергетскиот систем и редовен и навремен ток на електрична енергија до своите клиенти: директните потрошувачи (Бучим, ОКТА, Макстил, Арчелор Митал, Усје, Југохром-Фероалојс, Скопски Легури, Фени Индустри, Македонски Железници) и до дистрибутивната мрежа на ЕВН Македонија.”

Практично енергетскиот систем на Македонија во целост зависи од функционирањето на оваа компанија. Значи МЕПСО е компанија која е исклучително важна во енергетскиот бизнис  и треба да работи беспрекорно.

Но, дали е така?

Како може одговорните лица во МЕПСО да дозволат нестручни и неподготвени компании да работат на објекти од исклучителна важност за државата!? Прават ли инспекции, или битно им е само да се сликаат и да се  фалат дека ете нешто работат?!

Имаат ли воопшто контрола врз надворешните компании кои им работат на проектите!???

Ако земеме во предвид дека поранешниот  премиер Заев бил на увид во реконструкцијата на овој далновод, заедно со директорката и целиот врв на МЕПСО, тогаш се плашам што се може да се случи додека траат работите на оваа реконструкција.

Стевче Антовски, дипл.ел.инж.

 

 

 

Коронавирус