вторник, 19. октомври 2021. Вести денес: 0
home Вести

Дака главен руски играч во Црна Гора, во Македонија изведувачи Заев и Теута Арифи

Дака главен руски играч во Црна Гора, во Македонија изведувачи Заев и Теута Арифи

Дака станува повторно актуелен после изборите во Црна Гора на кои победи опозицијата.

Аналитичарите од регионот тврдат дека Давидовиќ Дака како екстремен про-руски бизнисмен ги финансирал политичките противници на Мило Ѓукановиќ кои победија на последните избори и кои најверојатно ќе ја формираат следната влада.

Здравко Кривокапиќ, најверојатно идниот премиер е формален лидер на широката ултрадесна, некој ја нарекува Вучиќ, други Амфилохие коалиција, која на изборите настапи под името “За иднина на Црна Гора“. Вистинскиот шеф на коалицијата е Миодраг Дака Давидовиќ, за кого и самиот Кривокапиќ вели дека е најзаслужен за влез во политиката, пишува Ал Џезира балканс.

Ал Џезира Балканс во својата анализа вели дека рбетот и главата на црквената коалиција е Дака Давидовиќ. Тој е човек кој бил воен министер на Караџиќ во Српската автономна област Херцеговина во време на војната во Босна и Херцеговина и кој со најголемо гадење зборувал за Европската Унија и европската цивилизација, се вели во анализата.

И аналитичарот Шеки Радончиќ тврди дека Русија, Белград и Српската православна црква помогнале да победат великосрпските интереси во Црна Гора. Главен финансиер, според Радониќ, на оваа коалиција е Дака Давидовиќ, бивш началник на Центарот за безбедност во Никшиќ кој во Македонија е поврзуван со огромна корупција.

Српскиот портал republika.rs тврди дека западните странски служби овој контроверзен бизнисмен го квалификуваат како соработник на руските служби.

Локални избори 2021