среда, 2. декември 2020. Вести денес: 0
home Вести

Дајте ми број од тој Ел Чека јас да му се јавам да му кажам дека ќе одговара, рече Заев

Дајте ми број од тој Ел Чека јас да му се јавам да му кажам дека ќе одговара, рече Заев

Не знам зошто Ел Чека објавува разговори само за Али Ахмети, дајте ми телефон ќе му се јавам и ќе го прашам, рече на денешната прес-коференција премиерот Зоран Заев во одговор на новинарско прашање.

„Ако имате некој телефон дајте ми од тој, како се вика, Ел Чека да му се јавам да го прашам: -Чекај бе пријател зошто ти објавуваш за Ахмети, а не објавуваш и за мене? Еве јавно нека објави и за мене, апсолутно сум транспарентен човек и сериозноста треба да биде овде. Еве пак ви кажувам нека објавува за секој што мисли дека треба да објавува, и треба да знае дека има одговорност, дека постои закон и кривично се одговара за тоа. Приватноста да е заштитена а овој човек не води грижа за таа работа, треба да одговора и кога тогаш ќе одговара. Светот е глобално село и ќе одговара, дали треба да го мотивирам и за мене да објави? Ќе одговара, кога-тогаш ќе одговара. Така да ако има нека објавува сега. Еве дирекно од премиерот му е, ќе одговара”, му порача Заев на Ел Чека.

Коронавирус