сабота, 15. август 2020. Вести денес: 0
home Вести

Дафина Стојаноска: Доаѓа крај на негрижата за луѓето од тетовските села

Дафина Стојаноска: Доаѓа крај на негрижата за луѓето од тетовските села

Дафина Стојаноска, носителка на кандидатската листа со пратеници во шестата изборна единица на коалицијата „Обнова за Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ, денеска посети неколку тетовско села во општината Теарце. Таа се сретна со жителите на Варвара, Лешок, Непроштено, Доброште.

-Денот го започнавме во село Варвара во атарот на црквата „Света Петка” каде го поставивме знамето на јарбол и високо го кренавме. Со кренато знаме и кренати глави продолживме на средба со граѓани во село Лешок. И тука тешки судбини се насобрале. Луѓето едвај врзуваат крај со крај, оставени сами на себе, нè известија дека субвенциите за земјоделците се намалени и покрај тоа се уште не им се исплатени за 2019 година. Се обврзуваме дека ќе помогнеме и дека во догледно време повторно ќе ги посетиме, истакна Стојаноска.

Во Непроштено, таа положи свежо цвеќе пред споменикот на бранителите и киднапираните жители во 2001 година.

-Овие луѓе несебично и храбро ги положија своите животи во одбрана на интегритетот и суверенитетот на Република Македонија. На средба со жители во село Непроштено и село Доброште, ни кажаа за натоварени проблеми и дека се целосно заборавени од локалната и централната власт. Оваа негрижа конечно го дочекува својот крај. Горд народ со јасни ставови кои целосно ќе ја дадат поддршката за обнова на Македонија. Од 15 јули започнува обновата на Македонија. Петнаесетти јули е почетокот на успешна, горда и достоинствена Македонија, истакна Стојаноска.

Коронавирус