четврток, 3. декември 2020. Вести денес: 0
home Вести

Дабиќ: Во МНР владее репресија, деградирање на дипломати и застој на кариери на одредени луѓе

Дабиќ: Во МНР владее репресија, деградирање на дипломати и застој на кариери на одредени луѓе

Зоран Дабиќ претседател на македонскиот дипломатски синдикат гостуваше во дневникот на ТВ Алфа каде што посочи дека отакко СДСМ е на власт во МНР владее репресија, се бркаат луѓе од работа, се деградираат дипломати.

Она што се случува во министерството во последните неколку години па навистина мислам дека најпогоден збор би бил репресија. Имаме незапамтена ситуација, незапамтена состојба на бркање на дипломати од работа кои преку судот по судски постапки успеаја да се вратат на работа. Имаме масовна ситуација на деградирање на дипломати која е врзана со систематизацијата од пред пола година, тоа беше донесено токму за таа цел. Имаме застој на кариера по десетина години на помладите дипломати и нула од кариерно управување или кариер менаџмент што се вика. И имаме едно големо незадоволство кое е одраз на упорното туркање на некои документи, акти како што е предлог законот за надворешни работи, како што е споменатата систематизација. И како што се патувањата на дипломати и амбасадори во странство, образложи Дабиќ.

Дабиќ додаде дека дипломатите кои се вработени во МНР се дипломати од кариера, а тие кои не се од МНР не се дипломати од кариера.

Во принцип тоа е точно. Вие имате многу дипломати кои се партиски активни и партиски афелирани. Тоа е во ред се до тогаш кога тоа не се одразува на нивното упатување или на нивната селекција за унапредување или за други бенефиции.
Не можеме да кажеме дека сите дипломати се партиски ориентирани или партиска припадност определени. Тука исто така има и категории на вечни контакти, луѓе кои се поблиску до раководството, луѓе кои не се поблиски кои се омилени и кои не се омилени, истакна Дабиќ.

Коронавирус