сабота, 16. јануари 2021. Вести денес: 87
home Вести

Да се знае, да не се заборави: Одржана комеморација за жртвите од геноцидот во Сребреница

Да се знае, да не се заборави: Одржана комеморација за жртвите од геноцидот во Сребреница

 Вчера во просториите на општина Чаир се одржа Комеморација за жртвите од геноцидот во Сребреница во организација на „Форумот на Бошњаците”.На Комеморацијата присуствуваа голем број на граѓани, претставници на институции, пратеници, политички партии, претставници од Исламската верска заедница, здруженија и делегации.

По интонирањето на химните на Република Македонија и Босна и Херцеговина се одржа и едноминутен молк во чест на жртвите во Сребреница, а потоа се одржаа и пригодни обраќања во рамките на комеморативната програма.

Со пригоден реферат на присутните им се обрати кординаторот на Форумот на Бошњаците, Садрија Хасановиќ.

На присутните им се обрати и пратеникот Зеќир Рамчиловиќ, кој го потенцираше значењето на одбележувањето на овој ден како еден од иницијаторите од првото одбележување до денес.

-Важно е да го одбележиме овој ден, да се потсетиме себе си, да ги потсетиме и другите за Геноцидот во Сребреница, да се сеќаваме и да извлечеме поука, но и да упатиме порака до сите, порака на осуда и порака за подготвеност да градиме подобро утре со сите, но на рамноправни односи, истакна Рамчиловиќ.

 

На крајот на присутните им се обрати Енес Шемсовиќ, координатор на Форумот на Бошњаците кој истакна:

-Пораката на денешната комеморација е да се знае, да не се заборави. Со оглед дека Сребреница е морално прашање од прв ред и се однесува на целото човештво, денеска сме тука припадници од сите етнички групи и од сите религиозни заедници заеднички да го осудиме она што се случило во Сребреница за да не му се повтори на никого, изјави Шемсовиќ.

На Комеморацијата присуствуваа претставници од сите поголеми политички партии, освен од СДСМ која на овој начин го покажа својот непринципиелен однос кон бошњачката заедница во Република Македонија.

Во рамките на одбележувањето вчера група граѓани отпатуваа во Меморијалниот центар Поточари во Босна и Херцеговина.

Коронавирус