среда, 27. јануари 2021. Вести денес: 0
home Вести

„Да се обединиме сега, за да не биде предоцна“

„Да се обединиме сега, за да не биде предоцна“

Драги пријатели, драги сограѓани во нашата Република Македонија, ова што Зоран Заев и го прави на Македонија е срамно. Срамно е измамништвото негово, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во своето обраќање на протестот пред влада.

-Нема човек од Македонија кој не почувствува срам кога го гледаше онака понизно, како со треперлив глас се додворува на бугарската политичка елита. Зошто?? За таа пуста фотелја. И додека тоа го правеше се откажуваше од жртвата на Илинденците, од жртвата на партизаните кои биле наследници на Илинденците. Газеше по коските на Страшо Пинџур, Мирче Ацев, Кузман Јосифовски Питу, Христијан Тодоровски Карпош, Орце Николов, Борка Талески, Раде Јовчевски Корчагин, Вера Јоциќ… а со тоа и на саможртвата на Гоце, на Даме, Питу и сите други илинденски првенци, луѓето кои ја започнаа својата борба која што ние природно денеска ја водиме и ден денес се бориме за нашата Македонија. И сега почитувани, пријатели, драги браќа и сестри овде присутни, сакам внимателно да ме слушнете, овде нема политика, ниту оваа ниту онаа партија, ова е Македонија. . Овој протест е на народот. Овде нема калкуланство, ова е протест на сите против лудоста на еден човек. Ве молам сите да го гледате како протест кој е надпартиски во кој мора сите да се обединиме. Ќе победиме ако сме обединети. Секогаш сме биле обединети и тогаш сме победувале, затоа ни е потребно обединување рамо до рамо еден до друг, истакна Мицкоски.

Така и никако поинаку мора да биде и овој пат. Во овие тешки услови на криза обврзани сме да реагираме и да оставиме трага. Ќе победиме ако народ излезе и каже НЕ ПОВЕЌЕ. Ќе победиме ако сите кажеме премногу е. Како поединци не можеме ништо, но сите заедно обединети и сплотени можеме СЕ, додаде тој.

Најнови вести

Коронавирус