петок, 25. септември 2020. Вести денес: 181
home Вести

Да се намали цената на струјата, побараа кумановци на протестот

Да се намали цената на струјата, побараа кумановци на протестот

Во Куманово денеска по втор пат се одржа протест, против поскапување на електричната енергија. Група од околу 100 граѓани тргнаа од пред Општината, за да дојдат до зградата на ЕВН каде што протестираа, пренесува Куманово њуз.

Организаторите побараа да се укине одлуката за зголемување на цената на електричната енергија од 7,4 отсто, да се намали цената за потрошувачите за 46 отсто, како и да се распушти Регулаторната комисија за енергетика (РЕК). Од Владата, исто така побара да се намали ДДВ од 18 на 5 отсто и да се укине монополот на ЕВН. Воедно и да се национализира дистрибутивната мрежа.

Граѓаните од протестот порачаа дека повеќе нема да молчат затоа што не можат да плаќаат високи сметки.

Тука сум дојден самостојно и барам да се поништи покачувањето на струјата. Никаде во Европа нема вакви високи сметки. Пример, во Швајцарија имам роднина кој плаќа сметка за струја од 50 франци, а најмала плата е 5.000 франци. Јас плаќам 80 евра месечна сметка, а имам плата од 250 евра и не можам така да живеам. Треба да се продолжи со протести, народот да излезе. Вака веќе не може, да размислиме за иднината на нашите деца, да не остане ваквиот катастрофален пристап кон народот, изјави еден од граѓаните.

Организаторите кажаа дека им е потребна поддршка од сите, и очекуваат на наредните протести да им се придружат сите нивни сограѓани.

Коронавирус