четврток, 16. септември 2021. Вести денес: 135
home Вести

„Да се допрецизираат одредбите за прекршоци при изборите, за учесниците посерозно да ги сфатат прекршоците“

„Да се допрецизираат одредбите за прекршоци при изборите, за учесниците посерозно да ги сфатат прекршоците“

Претседателот на Државната изборна комисија, Оливер Дерковски, вели дека некои казни за противзаконско работење се премногу мали, односно сторителот ќе може да си ја плати ниската казна и да продолжи со делото.

-Треба да се допрецизираат прекршочните и кривичните одредби за прекршоци при изборите, за учесниците посерозно да ги сфатат прекршоците, вели Дерковски.

Тој исто така рече дека со новите одредби со кои се отвора можноста во наредните избори да се користи редовната сметка на партијата, се губи смислата за регистрирање на наменска сметка за изборите.

-Би било подобро во иднина да се доведе ново законско решение преку редовната сметка да се води целата кампања. На институциите ќе им се олесни работата да ја контролираат сметката. Има една алинеја, „донација од партија“, никој не може да знае што значи ова. Тоа може да биде од чланарите, но може и донации од коалициите, овој дел од законикот не е дефиниран. Тоа е еден од пропустите кои ги има законикот, вели Дерковски.

Најнови вести

Коронавирус