петок, 23. април 2021. Вести денес: 0
home Вести

ДА ПОМОГНЕМЕ: Со гангрена на нозете, татко на 12 деца талка по скопските болници- државата не помага!

ДА ПОМОГНЕМЕ: Со гангрена на нозете, татко на 12 деца талка по скопските болници- државата не помага!

Ова е Перо Китановски од скопски Припор.  Цел месец е речиси  врзан за кревет. Страда од гангрена на нозете. Сторијата пред повеќе од еден месец ја објави ТВ 21, но помош за семејството се уште нема

Неговиот татко се обидува да помогне. Секојдневно  тропа по вратите на болниците и талка од едно место на друго. Но сите одговори до сега биле негативни. Никој не го прима неговиот син на лекување.

Сопругата на Перо, Васка Китановска вели дека не добиваат ниту социјална помош бидејќи едно од нивните 12 деца работи и зема плата од 10 илјади денари.

Перо Китановски ги поседува сите документи дека бил во болница за да ги лекува нозете и дека има потреба од ампутација, но според него, лекарите го шетаат од едно место до друго.

Жиро сметка за донации 200002584395339 и контакт телефон 078 838 847.

Бидете хумани, да спасиме човечки живот.

Коронавирус