понеделник, 25. октомври 2021. Вести денес: 142
home Вести

ДА ПОМОГНЕМЕ ПО ТРАГЕДИЈАТА: Млад Македонец почина во Германија, семејството нема пари да го донесе телото за погреб

ДА ПОМОГНЕМЕ ПО ТРАГЕДИЈАТА: Млад Македонец почина во Германија, семејството нема пари да го донесе телото за погреб

Гоце од Делчево почина поради компликации од ковид-19, во Германија, а неговото семејство нема доволно пари за да организира транспорт на телото, за тој да биде погребан во Македонија.

Гоце имаше само 32 години.

-Ве замолувам сите од се Срце во овој тежок момент исполнет со бескрајна тага и голема болка да и помогнеме на сопругата Дијана која нема скоро никој свој тука освен сите нас, се надевам во овој тежок момент и апелирам до вашите хумани Срца за помош. Секоја мала помош е огромна помош за Дијана. Поради ситуацијата е наједноставно за помошта да ја донирате на сметка. Помагајте добри луѓе, порача Бошко Васев преку социјалните мрежи, кој е близок со семејството.

Под објавата стои и сметката за сите хумани луѓе кои сакаат да помогнат телото на Гоце да се донесе во Македонија

ЈАНЕ ЈАНЃЕЛОВСКИ

Комерцијална Банка

Број на Сметка: 300057073987370

Средства ќе се собираат и во црквата Св. Никола, Мајнц, во текот на целиот ден.

Локални избори 2021