четврток, 26. ноември 2020. Вести денес: 2
home Вести

ДА ПОМОГНЕМЕ: Дедо Васил е исчезнат, неговото семејство моли за помош да го најде

ДА ПОМОГНЕМЕ: Дедо Васил е исчезнат, неговото семејство моли за помош да го најде

Семејството Ангеловски од скопско Маџари трага по дедо Васил. Тој денеска попладне излегол од дома и уште не е вратен.

Синот Бошко преку својот Фејсбук профил побара помош од сите кои можат да му дадат било каква информација за неговиот татко.

-Татко ми Васил Ангеловски не е вратен од 13 часот. Го бараме насекаде, човекот е склеротичен и со деменција, излезен е со црвен пони велосипед, носи плава јакана без ракави шушкавец, има капа светло плава. Ќе ве молам споделете тел. за контакт 070 383343 Скопје, од Маџари, пишува на фејсбук профилот од Бошко Ангеловски.

Tatko mi Angelovski Vasil ne e vraten od 13:00 casot go barame nasekade,covekot skleroticen i so demencija,izlezen e so…

Gepostet von Boshko Angelovski am Dienstag, 20. Oktober 2020

 

Најнови вести

Коронавирус