недела, 29. ноември 2020. Вести денес: 84
home Вести

Да не се лажеме: Ова е вистината за анкетата на Телма според која Заев има поголем рејтинг од Мицкоски

Да не се лажеме: Ова е вистината за анкетата на Телма според која Заев има поголем рејтинг од Мицкоски

„Телма“ и МЦМС со очајнички потези се обидуваат да му го подигнат рејтингот на Зоран Заев, а да му го намалат на Христијан Мицкоски и тоа само на неколку дена пред одржувањето на сенародниот протест најавен за 2 јуни пред Владата на Република Македонија. Лагата што се обидуваат да ја пласираат во јавноста е очигледна, особено ако се земе предвид кога била спроведена анкетата.

Резултатите од мерењето на рејтингот од МЦМС и Телма покажуваат дека Зоран Заев има осум пати поголема предност од лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христјан Мицкоски, телевизискиот дуел помеѓу Заев и Мицкоски го гледале 55.6 отсто од испитаниците во анкетата, додека 44.3 отсто не го гледале. Според 40.6 отсто од граѓаните кои биле анкетирани, Зоран Заев бил подобар во дуелот, додека за Мицкоски се одлучиле 35.5 отсто.

Она што Телма и МЦМС се обидуваат да го протнат под погледот на јавноста е фактот дека анкетата била спроведена од 15 до 23 мај, а ТВ-дуелот се одржа на 23 мај, започна во 20 часот и траеше 2 и пол часа. Граѓаните го изгледале дуелот и успеале за половина час да ги средат впечатоците, да премерат и да одоворат на анкетните прашања на МЦМС?! Дали МЦМС им вртел на телефон на 1.052 испитаници и ги вознемирувал минута пред полноќ?

Јасни се намерите на провладините медиуми да го прикажат Заев како народен херој иако токму народот е свесен дека човекот кој ја предводи владата на Република Македонија ги повлекува најпредавничките потези во историјата на овој народ.

Според најавите, до утре ќе се знае што испазарил Заев за името, а протестот на ВМРО-ДПМНЕ е најавен за сабота. Анкетата на Телма не е случајна, а лагите се намерни.

Коронавирус