недела, 27. септември 2020. Вести денес: 16
home Вести

Колумна на Кусакатска: ДА НЕ ПРЕТЕРАВМЕ?

Колумна на Кусакатска: ДА НЕ ПРЕТЕРАВМЕ?

Со самиот факт дека МОН излезе неподготвено за вакви вонредни состојби, а во обид да се заврши учебната година и да се реализира предвидената програма, се наметна една мачна состојба како за учениците, така за родителите, а секако и за наставниците.

Добар дел од наставниците претераа со давање обврски на учениците. Но, ова време не е вистинскиот момент, за да има докажувања. Зарем не е подобро тоа претходно да се правело и да се прави во нормални услови?

Сега, во една ваква состојба, ние наставниците треба да ја скратиме програмата колку што може повеќе, да ја прилагодиме на моменталната состојба, а имам чувство дека некои наставници дури и ја продлабочуваат.

Сега, во услови кога  повеќето сме најмногу во нашите домови, додека повеќето родители работат од дома, треба ли наставниците да им даваат обврски и да им држат онлајн часови на децата и детето во просек половина ден да го помине на компјтер…

Може ли дете од 7-8 години да следи онлајн час, да добива насоки за пишување во тетратки и згора на се да пополнува наставни листови.

Може ли тоа да го направи само? Треба ли родителите да се претвораат во наставници?

Па кога во едно семејство (како на пример моето) со еден лаптоп и само со едно дете (осмо одделение), не можеме да се договориме кој ќе седне да работи, што ли се случува со тие со две, три или повеќе деца?

Ќерка ми (иако не е преоптоварена со обврски од редовната настава) секојдневно е приклучена на онлајн часод курсеви по англиски и француски јазик, или од училиште или прави проекти, пишува домашни, пополнува тестови, квизови…

Што да кажат тогаш децата што се преоптоварени?

А каде сум јас како наставник?……

Јас на моите ученици им задавам минимални задолженија, бидејќи на дете од седум години, на кое му е скратен чистиот воздух, дружењето со врсниците и целокупниот социјален живот, според мене не е во ред дополнително да го преоптоваруваш со толкави обврски што секако не може да ги исполни без присуство и помош од родителот.

Двонасочна комуникација користам-да, правам и презентации за часовите, но се обидувам да ја реализирам програмата во минимални рамки, затоа што сепак ова се вонредни услови и токму така треба и да се однесуваме.

И да, Зоом вклучив, чисто за да ги видам учениците, да им дадам поттик да издржат во оваа состојба за која и самите се свесни дека ќе потрае, да им кажам колку многу ми недостасуваат.

Весна Кусакатска 

Коронавирус