четврток, 23. септември 2021. Вести денес: 110
home Вести

Да не беше срамота, ќе се насмеевме: Најдоброто што СДСМ го нуди во Лозово е мини-колички за пазарење (ФОТО)

Да не беше срамота, ќе се насмеевме: Најдоброто што СДСМ го нуди во Лозово е мини-колички за пазарење (ФОТО)

„За прв пат општина Лозово во програмата за активностите на општина Лозово во областа на социјалната заштита за 2021 година предвиде доделување на ваучери на пензионерите од општина Лозово за мини-колички кои можат да ги користат за различни потреби“.

Ова не е шега, ова е проект со кој СДСМ е фали. Замислете, најдоброто во општина Лозово е што на пензионери ќе им се додели торба за пазарење на тркалца.

Градоначалникот на Лозово, Ацо Велковски, на својот Фејсбук профил се пофали:

„Една радосна вест за пензионерите од општина Лозово“.

Овој проект ќе можевме да го наречеме “смешен“, но истиот е дрско потценување на интелигенцијата на постарите жители на оваа општина. Наместо проекти кои ќе им понудат подобар живот и подобри услови, СДСМ ќе ги почести со по една мини-количка за пазарење.

Ако ова е “најдоброто за општините со кои раководи СДСМ“, најлошото подобро и да не ни го презентираат на Фејсбук.

Коронавирус