сабота, 31. октомври 2020. Вести денес: 0
home Вести

„Да имало било што во договорот што е патриотско, народот на улиците ќе прославуваше, а полицијата немаше да ги претепуваа и апси сите оние кои се против антидржавните политики на Заев“

„Да имало било што во договорот што е патриотско, народот на улиците ќе прославуваше, а полицијата немаше да ги претепуваа и апси сите оние кои се против антидржавните политики на Заев“

Постигнатиот договор со Грција е капитулација и го урива македонскиот идентитет. Да имало било што во договорот што е патриотско и што е за славење, народот на улиците ќе прославуваше, а полицијата немаше да ги претепуваа и апси сите оние кои се против антидржавните политики на Зоран Коте Заев, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Со Член 8 од овој срамен договор се одзема правото на Македонците да имаат сопствена историја како и толкување на истата. Таканаречениот ,,заеднички интердисциплинарен комитет’’ ќе врши ревизија на учебниците како и на помошниот наставен материјал, како на пример историските карти, атласи, наставни упатства. Со еден потпис Коте Заев и Димитров целосно ја избришаа македонската нација, нејзината историја, културно наследство, а со тоа директно го подриваат македонскиот суверенитет и државноста на Македонија. Целта на овој договор е да се прикаже Македонија како целосно нова и вештачки измислена творба, стои во реакцијата и се додава:

„Според капитулантскиот договор Македонија треба да ги промени и топонимите, а новите генерации во учебниците место за сонцето од Кутлеш ќе учат за сонцето Вергина како дел од хеленската култура. ВМРО-ДПМНЕ останува на страната на народот и во одбрана на Уставот, националните и државните интереси како и на страната на  македонскиот народ и граѓаните на Република Македонија“.

Коронавирус