четврток, 22. октомври 2020. Вести денес: 85
home Вести

„Да го одбраниме уставното име на Република Македонија“- заврши протестот пред Собранието

„Да го одбраниме уставното име на Република Македонија“- заврши протестот пред Собранието

Пред Собранието на Македонија вечерва се одржа мирен протест под мотото „Никогаш Северна, секогаш Македонија“ организиран од Млади на Македонија.

Протестот беше организиран против Договорот за решавање на македонско-грчкиот спор за името и за стратегиско партнерство.

Учесниците на протестот повикаа за одбрана на уставното име на Македонија.

– Ќе се бориме со сите демократски средства  за поништување на срамниот Договор. Излегуваме да го заштитиме името, идентитетот и државата Република Македонија, истакнаа организаторите на протестот.

Тие носеа транспаренти „Никогаш Северна, секогаш Македонија“ и најавија кривични пријави за директорот на Бирото за јавна безбедност и за министерот за внатрешни работи.

– Бараме од пратениците да употребат институционални и вонинституционални мерки за отворање дебата за нерационалното решение што ни се наметнува. Ги повикуваме и граѓаните да спречат понатамошно кршење на Уставот и сме против двосмислено референдумско прашање за името, нагласија тие.

Апелираа и до медиумите да известуваат непристрасно од протестите. (МИА)

Коронавирус