среда, 25. ноември 2020. Вести денес: 32
home Вести

Да бидеме хумани- Се собираат средства за наставничка од Скопје

Да бидеме хумани- Се собираат средства за наставничка од Скопје

На 54 годишната Жаклина Жигиќ и е дијагностицирано хронично заболување на бубрезите и има потреба од наша помош:

Се викам Жаклина Жигиќ имам 54 години и сум наставник во основно училиште во н. Илинден, Скопје. Дијагностицирана сум со хронично заболување на бубрезите со Васкулит од 4 фаза. Еден од бубрезите веќе не работи, а другиот работи мал процент, помалку од 10%. Големината на овој функционален бубрег е мал како зрно грашак.

После 24 години на хронична терапоија, мојата здравствена состојба во последниве 2 године е значително влошена. После безбројни испитувања и терапии во моментов најдобра опција за подобар и подолг живот е итна трансплантација на бубрег од донар ( мојата мајка). Во моментов сум на листа и во исчекување на датум за операција.

Сите попратни испитувања, престој во болница, пост третмани, лекови и вакцини кои ќе го одржуваат бубрегот во живот чини во просек 2500€ месечно, а кои ќе треба да ги примам до крајот на мојот живот. Сумата на целиот овој зафат е преголема и немам можност да ги обезбедам потребните средства.

Ви се обраќам Вам драги хумани луѓе за парична донација во рамките на Вашите можности.

Средства можете да донирате на следнава сметка:

Денарска сметка: Халк Банка:
Број на сметка:270-7000535259-07
Назив: Жаклина Жигиќ – хуманитарна сметка
Цел на дознака: Донација за Жаклина Жигиќ

Девизна сметка: Халк банка
Beneficiary> Zaklina Zigik
Address> ul8 br 3 Kadino/Ilinden/Skopje, Makedonija
IBAN Code: МК07270700029957914
SWIFT: EXPCMK22

Однапред Ви се заблагодарувам за вашата хуманост.

Со почит, Жаклина Жигиќ“

 

Коронавирус