понеделник, 24. јануари 2022. Вести денес: 81
home Вести

ДА БИДЕМЕ ХУМАНИ: Потребни сме му на малиот Тео да замине на лекување во Турција

ДА БИДЕМЕ ХУМАНИ: Потребни сме му на малиот Тео да замине на лекување во Турција

Мама Мартина сонува кога нејзиниот син ќе успее да и каже „мамо“, кога ќе застане на нозе, кога ќе започне сам да голта. Ова е нејзината порака и молба до сите добри луѓе кои се волни да помогнат, да му се даде можност на ова убаво ангелче да расте здраво и среќно покрај своите родители.

Тео е детенце кое од самото раѓање останал без кислород и секој нов ден е нова борба за него. Има 2.5 години и се соочува со најголемата битка а тоа е да почне да голта и дасе храни самостално, бидејќи хранењето му е преку сонда. Поради стручноста и искуствата, лекувањето ќе се изврши во Турција каде што родителите на Тео добиле позитивни одговори за подобрување на здравјето на детето.

Средствата за третмани, физикална терапија и рехабилитација се превисоки и родителите на Тео не можат да ги обезбедат без наша помош. Лечењето вклучува третмани и вежби за голтање, прегледи, престој во болница, физикална терапија и вежби со роботика каде што ќе има подобрување на состојбата.

– Вие сте нашата сила и надеж, потребни сте му на нашиот Тео, апелираат родителите.

За Македонија сметка за донација
210700000665459 НЛБ Банка
За странство
IBAN MKO7210501751096720
Swift TUTNMK22

Коронавирус