среда, 25. ноември 2020. Вести денес: 1
home Вести

ДА БИДЕМЕ ХУМАНИ: На Јоце му е потребен уште еден третман во Москва за да може да се движи со помош на бастун

ДА БИДЕМЕ ХУМАНИ: На Јоце му е потребен уште еден третман во Москва за да може да се движи со помош на бастун

Јоце е 31 годишно момче со церебрална парализа кое веќе шест години се лекува во Москва, Русија со третман со пресадување матични клетки.

Досега бил на 12 третмани и има огромен напредок, од седење во инвалидска количка цел живот постигна да се движи само со помош на дубак.

Мозокот праќа еднакви дразби до екстремитетите, а со тоа и има подобрена рамнотежа и се чувствува целосно подобро.

Тој во јануари треба повторно да замине на следен третман каде Русите очекуваат уште поголем напредок и како што предвидуваат одење со помош на бастунче.

Поради тоа Јоце е страсно борбено и упорно момче на кое му треба уште малку помош да истрае до крајната цел.

Му треба наша поддршка и морална, но особено финансиска.

Затоа Фејсбук страната „Хуманоста за Јоце не познава граници“ организира различни хуманитарни настани на кои се собираат пари на секој можен начин.

ТЕЛЕФОНСКИ БРОЕВИ ЗА ДОНАЦИИ:

070/143/109

177/075 143 466 

За подетални информации можете да видите на Фејсбук страната ТУКА

Коронавирус