петок, 5. јуни 2020. Вести денес: 13
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Вести

Д-р Стојаноски од ВМРО-ДПМНЕ: Мерките на превенција треба да бидат во примарен фокус, за да може да се стави крај на ширењето на вирусот

Д-р Стојаноски од ВМРО-ДПМНЕ: Мерките на превенција треба да бидат во примарен фокус, за да може да се стави крај на ширењето на вирусот

На денешната дискусија во живо по повод „Превенција и заштита од корона вирусот“ Д-р. Синиша Стојаноски, претседател на Комисијата за здравство потенцираше дека превенцијата е единствениот начин да го спречиме вирусот да влезе во нашиот организам.

Тој на прашањето дали има многу повеќе заразени со корона коишто немаат изразити симптоми и се се уште во фаза за испитување, одговори дека главниот проблем кога станува збор за овој вирус и она што го прави подмолен е неговата нетипична клиничка слика, до моментот се додека не се развие онаа форма којашто бара пациентите да се постават на асистирана вентилација или респиратор.

Стојаноски нагласи дека не сите пациенти ќе ја развијат најтешката форма на вирусот, но генерално и оние коишто имаат нетипична замаскирана клиничка слика, исто така се носители на вирусот и може да го пренесат вирусот на широката популација. Она што е карактеристично за овој вирус е тоа што тој напаѓа таргетно, напаѓа специфични клетки од белите дробови коишто овозможуваат да се отворат заради размена на гасови. Кога тие клетки кои се нападнати се губи можноста за нивно отворање за примање на гасови затоа имаме потреба од респиратор.

-Бидејќи е клеточен паразит треба прво да влезе во нашиот организам, затоа Комисијата за здравство на ВМРО-ДПМНЕ инсистира да се почитуваат мерките за превенција, односно спречување, вели Стојаноски.

Тој порача дека се работи за нова верзија на коронавирус која немала историјат за да можеме да се повикаме на истата, за да може подобро да се справиме со оваа ситуација. СЗО прогласи состојба на пандемија, затоа што се работи за нова форма на вирус, не сме сигурни што би не заштитило 100 % ,  затоа што може да се појават и други негови форми.

-Дефинитивно подобро е да се носи маска за заштита, вели докторот Стојаноски.

Тој исто така истакна дека вирусот е енигма и не можеме да кажеме ни дека со покачувањето на температурите ќе го снема, но најважно е да се одржува личната хигиена и да се применува алкохол за дезинфекција затоа што на тој начин му се оштетува липидната обвивка.

Затоа тој потенцираше дека здравиот начин  на живот и исхрана секако влијаат за подигнување на функционалноста на имуниот систем и тука генерално не би требало да се оди на нешто конкретно кое што би требало да се издвојува и да се потенцира освен тоа што е пропишана пракса коешто секој матичен лекар им го има препорачано на граѓаните.

-Вирусот веќе дојде на територијата на Европа, и сега мора да се откријат сите начини на трансмисија и вектори на истите. Не знаеме како ќе се манифестира кај животните и затоа во една од препораките на СЗО е лимитиран или избегнување на контакт со диви или питоми животни, бидејќи истите можат да бидат трансмитери на овој вирус, вели Стојаноски.

Докторот Синиша Стојаноски подвлече исто така дека од нас зависи дали ќе му дозволиме на вирусот да земе замав и да доживее ескалација. Ние како држава треба да бидеме позитивен пример и од тоа како се однесуваме зависи дали СЗО ќе не постави на мапата на земји кои успеале успешно да се справат.

Коронавирус